Донатор: Министерство за животна средина и просторно планирање на РСМ
Време на имплементација: 05/2019-11/2019
Буџет: 200.000 MKD/ 3.263 EUR
Општа цел: Да се намали „дивото“ депонирање отпад во државата.
Специфична цел: Изработка на план за комуникација со целните групи и јавна кампања во 4 пилот општини: Кисела Вода, Ѓорче Петров, Кочани и Делчево.
Краток опис: Спроведени се активности за намалување на „дивото“ депонирање отпад, преку мобилизација на општинските власти за подобро организирање на собирањето и одложувањето отпад, како и преку подигање на свеста на граѓаните и правните субјекти да се придржуваат до воспоставените процедури и локации за одложување отпад. Започна со анкети во 4 пилот општини: Кисела Вода, Ѓорче Петров, Кочани и Делчево, за перцепциите на целните групи во врска со причините и последиците од илегалното депонирање на отпад. Претходно беше подготвен анкетен прашалник и одржана обука на анкетари. Анкетарите направија избор на домаќинства и правни лица – учесници во анкетата и таа беше спроведена во вкупно 400 домаќинства (100 во секоја општина) и 40 правни лица (10 во секоја општина). На крај, беше подготвена Анализа на анкетата и изработен извештај со мапирани диви депонии. Се изведе заклучок дека најефикасна алатка за комуникација со граѓаните е јавната дебата, по што се одржаа 4 јавни дебати во секоја од општините, со присуство на советници, граѓански организации и граѓани. На сите настани учествуваа и 4-та градоначалници. Следеше кампања со изјави на медиумите и социјалните медиуми. Како резултат, беа преземени мерки за расчистување на дивите депонии и подобрување на начинот на собирање на отпад од страна на локалните власти во овие општини.
Активности:
1. Изработка на анкетен прашалник.
2. Избор на учесници во анкетата 400 домаќинства (100 во секоја општина) и 40 правни лица (10 во секоја општина).
3. Обука на анкетарите за спроведување анкети.
4. Спроведување анкета.
5. Изработка на анализа и извештај врз база на обработка на резултатите од анкетата.
6. Изработка на план за комуникација/јавна кампања и избор на јавните дебати и медиумските претставувања како алатки за комуникација.
7. Одржување 4 јавни дебати (Кисела Вода, Ѓорче Петров, Кочани и Делчево).
8. Медиумска кампања (изјави на медиуми и социјални медиуми со информации за наодите и заклучоците за депонирањето отпад).
Резултати:
- Средување на посочените диви депонии во 4-те општини.
- Подобрување на одлагањето отпад во овие општини.
- Подигање на јавната свест за одлагањето отпад во овие општини.
* Наша забелешка: Позитивните резултати во овие општини се од привремен карактер, дури не се реши третманот на отпад во еден интегриран сеопфатен систем.