Донатор: Европската Унија, суб-грант на проектот Заедно во борба против корупција, Програма за поддршка на граѓанскиот сектор и медиумите ИПА/2017/392-518.
Партнер: Центар за истражувачко новинарство СКУП МАКЕДОНИЈА од Скопје, носител на проектот, Институт за човекови права (ИЧП) од Скопје и Центар за развој на медиумите на заедниците МЕДИУМ од Гостивар.
Време на имплементација: 12/2019 – 06/2020
Буџет: 12.422 ЕУР
Општа цел: Подигнување на свеста на граѓаните за пропустите од страна на институциите во областа на животната средина и препознавање коруптивни практики.
Спефицична цел 1: Препознавање на коруптивните практики и обезбедување учество на јавноста во детектирање и превенција на корупција во областа на животната средина.
Спефицична цел 2: Поголема отчетност на индустриските капацитети како потенцијални загадувачи и нивна транспарентност, за да се види дали се почитуваат законите при работењето, или се заобиколуваат поради корупција.
Краток опис: Серија активности во насока на истражување случаи на потенцијална корупција и анимирање на јавноста и институциите за нивно препознавање и правилно решавање. Во контекст на голем број еколошки инциденти, за кои надлежните институции не секогаш навремено реагираат, па оправдано се помислува на корупција.
Активности:
1. Мапирање на индустриски капацитети (потенцијалните и де факто загадувачките индустрии), начинот и постапката на издавање на А и Б дозволи. Можност одблизу да се следи нивната работа, почитувањето на законските процедури и колку државните органи ги толерираат нивните евентуални пропусти во работењето.
2. Анализа на усогласеноста на постапките во областа на животна средина, со Законот за општа управна постапка, Законот за прекршоци, Законот за минерални суровини. Преглед на законските одредби кои го регулираат отварањето и работењето на индустриските капацитети, со посебен акцент на Законот за минерални суровини.
3. Анализа на студии на случаи од областа на корупција во животна средина, минимум 5 случаи, каде што имало инциденти со последици по животната средина, по што имало реакции и барања од јавноста да се затворат индустриските капацитети, начинот на кој е издејствувано тоа. Овие резултати ќе служат како добра практика како треба да се постапува од страна на концесионерите, државните органи и институции, инспекциските служби. Кај граѓанските организации и кај новинарите ќе се разбуди свеста за погласно да реагираат против сите неправилности во индустрискиот сектор.
4. Упатување на прашања до општините и Министерството за животна средина и просторно планирање преку правото за слободен пристап до информации, за сите недоречености и нејаснотии во законските решенија од областа на животната средина и нивно (не)доследно спроведување во работењето на индустриските капацитети. Прашањата беа упатени до МЖСПП и општините, кои се надлежни органи за издавање на А и Б дозволите. Институциите беа транспарентни и дадоа одговори на сите прашања.
5. Објава на текстови и новинарски статии на веб страната: www.text.mk. Целата истражувачка работа е преточена во текстови и новинарски статии кои беа достапни до пошироката јавност преку веб страната со која имаме соработка. На тој начин голем број граѓани и граѓански организации имаа можност одблиску да се запознаат со тековните состојби и случаи, поврзани со некои индустриски капацитети.
6. Јавна дебата со граѓански организации и граѓани, за зајакнување на нивните капацитети и знаења во поглед на корупцијата, со што полесно ќе ја препознаат, ќе можат да делуваат превентивно, но и да ги преземат сите законски средства кои им стојат на располагање, секогаш кога ќе дојдат во допир или ќе имаат сомнеж за неа.
Резултати:
- Детектирани 5 случаи
1) Неотворениот рудник Казандол
2) Дрисла и отпадот кој се согорува таму
3) Пресушувањето на Преспанското Езеро
4) Поморот на риби во р. Вардар од страна на Ацерол Миттал
5) Титан (УСЈЕ), односно суровината која се користи како гориво за работа на истиот индустриски капацитет.
- Изготвување 5 истражувачки новинарски стории
1) Наташа Доковска Спировска - Отешево заточено во сопственото богатство
https://text.mk/%D0%BE%D1%82%D0%B5%D1%88%D0%B5%D0%B2%D0%BE-%D0%B7%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%87%D0%B5%D0%BD%D0%BE-%D0%B2%D0%BE-%D1%81%D0%BE%D0%BF%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%B5%D0%BD%D0%BE%D1%82%D0%BE-%D0%B1%D0%BE%D0%B3%D0%B0/
2) Верица Димитријевска - Дали случајот со рудникот Казандол ќе биде „пречка“ за идни коруптивни мотиви?
https://text.mk/%d0%b4%d0%b0%d0%bb%d0%b8-%d1%81%d0%bb%d1%83%d1%87%d0%b0%d1%98%d0%be%d1%82-%d1%81%d0%be-%d1%80%d1%83%d0%b4%d0%bd%d0%b8%d0%ba%d0%be%d1%82-%d0%ba%d0%b0%d0%b7%d0%b0%d0%bd%d0%b4%d0%be%d0%bb-%d1%9c%d0%b5/
3) Филип Спировски - Заштитата на „Арцелор Миттал “на сметка на здравјето на граѓаните и јавниот интерес
https://text.mk/%d0%b7%d0%b0%d1%88%d1%82%d0%b8%d1%82%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d0%b0%d0%ba%d1%86%d0%b5%d0%bb%d0%be%d1%80-%d0%bc%d0%b8%d1%82%d1%82%d0%b0%d0%bb-%d0%bd%d0%b0-%d1%81%d0%bc%d0%b5/
4) Катерина Топалова - Може ли Ковид-19 да ги разболи и оние кои ќе ги заобиколи?!
https://text.mk/%D0%BC%D0%BE%D0%B6%D0%B5-%D0%BB%D0%B8-%D0%BA%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D0%B4-19-%D0%B4%D0%B0-%D0%B3%D0%B8-%D1%80%D0%B0%D0%B7%D0%B1%D0%BE%D0%BB%D0%B8-%D0%B8-%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D0%B5-%D0%BA%D0%BE%D0%B8-%D1%9C/
5) Елизабета Д. Спасеновска - Инциденти – (не)намерни пропусти на индустриските објекти кои предизвикаа загадување на животната средина
https://text.mk/%D0%B8%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%B4%D0%B5%D0%BD%D1%82%D0%B8-%D0%BD%D0%B5%D0%BD%D0%B0%D0%BC%D0%B5%D1%80%D0%BD%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%BF%D1%83%D1%81%D1%82%D0%B8-%D0%BD%D0%B0-%D0%B8%D0%BD%D0%B4%D1%83/