Донатор: Foundation Bureau de Helling Democracy Development Abroad, Холандија
Време на имплементација: 01/2021-12/2021
Буџет: 32.000 EUR
Општа цел: Повеќе зелени активисти да бидат избрани во локалните совети, со цел да ги подобрат и решат еколошките проблеми во земјата.
Специфична цел: Да ги зајакне капацитетите на советниците и кандидатите за советници, како и младите, за претстојните локални избори 2021.
Краток опис: Проектот се состои од едукација/обуки за локалните зелени активисти за ефективно користење на онлајн алатките; за нивен ангажман во нови иницијативи за решавање на локални еколошки проблеми; дефинирње кампањи за локални избори.
Активности:
1. Обука на кандидати за советници – Локални тренери-ментори, со комбинирана агенда – мали регионални групи поради КОВИД 19 и зум средби, вкупно 60 учесници. Детектирани локални проблеми, креирани локални иницијативи и мрежи за поддршка, изнаоѓање начин за решавање на проблемот и известување со видео-клипови.
2. Обука на зелени млади за онлајн кампањи/графички дизајн - Целта е да ги научи и да ги надгради во техники за подготовка на графички пораки и видео клипови, практикувајќи онлајн кампањи на социјалните медиуми.
3. Зајакнување на онлајн капацитетите на зелени активисти на национално ниво - Професионален ПР-тим ќе им помогне во надградбата на нивното знаење за ефективно користење на онлајн алатките, преку креирање информативни постови и видео-клипови.
4. Анкета за мислењето на граѓаните за еколошки прашања - Професионален новинар ќе го подготви прашалникот за тековните приоритети/потреби на граѓаните, правејќи потоа интервјуа во различни општини. Анализата ќе даде преглед за подобро разбирање на локалните еколошки проблеми. До 60 лица во видео-интервјуата.
5. Изградба на локална мрежа на чувари на животната средина - Мапирани локални проблеми, поддржани во застапување на локално ниво, соработка со локални или национални власти за решавање на проблемите и јавно известување со видео клипови. Техничка помош од ПР-тим, до 60 лица.
Резултати: Зајакнати вештини за онлајн активности на социјални мрежи на зелените активисти; подобро вмпежување и разбирање на проблемите на граѓаните што се однесуваат на еколошките проблеми; решавање на помали проблеми со застапување, вмрежување и соработка; известување со видео-клипови; поголема видливост на зелените активисти и на еколошките проблеми воопшто; учество во креирањето на широко распространетото мислење меѓу граѓаните дека зелените активисти треба да бидат избрани во советите, со цел да ги подобрат и решат еколошките проблеми во земјата.
Производи:
- Текстуално и видео-истражување за мислењето на граѓаните за еколошките прашања
- Кампањата #ЗеленКруг (мапирање еколошки проблеми низ земјава со зелени кругови, 27 видеа, постирање; 106,5k Post reach, 14,3k Post engag./1месец)
- #ЕкоАкција (иницијативи за решавање/или не на еколошки проблеми)
#ЕкоРеакција (реакции/или не од страна на институциите во решавањето)