Донатор: Министерство за животна средина и просторно планирање на РСМ
Време на имплементација: 05/2019-11/2019
Буџет: 300.000 МКД/4.878 ЕУР
Општа цел: Да се намали аерозагадувањето во Градот Скопје.
Специфична цел 1: Подигање на капацитетите на овластените инспектори за животна средина во Градот Скопје и општините во Градот Скопје.
Специфична цел 2: Подобрена координација помеѓу овластените инспектори за животна средина во Градот Скопје и општините во Градот Скопје.
Специфична цел 3: Овозможување на пристап на јавноста до информации за емисии во воздухот од страна на индустриските загадувачи.
Специфична цел 4: Вклучување на граѓаните во инспекцијата на изворите на аерозагадувањето од индустријата.
Краток опис: Активностите за намалување на аерозагадувањето, преку подигање на капацитетите и координацијата на инспекторите за животна средина во Градот Скопје и неговите општини, како и преку вклучување на граѓаните во инспекцијата на изворите на загадување од индустријата. Учествуваа советници, инспектори за животна средина од општините и од Градот Скопје, граѓански активисти, претставници од загадувачите, медиуми. Се спроведе во Градот Скопје, со 4 пилот општини – Карпош, Центар, Аеродром и Гази Баба. Започна со анкета на општинските инспектори за животна средина и загадувачите, па анализа и нејзино претставување на јавни дебати по општините. Се изврши обука на сите општински инспектори за животна средина на територијата на Скопје, заедно со градските инспектори, кои го пренесоа своето позитивно искуство. Ова беше прва институционална координација за спроведување инспекциски надзор над загадувачите. Се подготви и прирачник за инспекторите, а се поттикна и транспарентноста и директната комуникација со граѓаните за пријавување загадување.
Активности:
1. Спроведување анкета со претходно дефиниран прашалник за општинските служби и индустриските загадувачи.
2. Изработка на анализа врз база на обработка на резултатите од анкетата.
3. Спроведување пилот обука за овластените инспектори за животна средина во Градот Скопје и општините во градот Скопје (Карпош, Центар, Аеродром и Гази Баба), со преходно изработен материјал за обука.
4. Изработка на Рамковен мандат и Деловник за работа на “Инспекциски панел”.
6. Одржување на “Инспекциски панел” (2 состанока со овластени инспектори за животна средина на ниво на Скопје).
7. Дефинирање на форматот и начинот на публикување на резултатите од извршениот инспекциски надзор и годишните извештаи за мониторинг на емисии во воздухот на “Б” инсталациите.
8. Публикување и популаризирање на извештаите.
9. Воспоставување “жешка линија” и други канали за пријавување аерозагадување од индустријата од страна на граѓаните.
Резултати:
1. Подготвена Анализа за ефективноста на инспекциските надзори над загадувачите, според податоци од општинските инспектори и правните субјекти што загадуваат во општините Карпош, Аеродром, Центар и Гази Баба.
Заклучоци и согледувања:
- Инспекторите и загадувачката индустрија се задоволни од својата работа и меѓусебната соработка(!)
- Инспекторите признаваат дека немаат доволно обученост за спроведување надзор, ниту за комуникација со граѓаните.
- Ретко или скоро никогаш испитаниците од општинските инсталации (загадувачи) не биде предмет на вонреден инспекциски надзор(!)
- Потребно е да се зајакнат капацитетите на инспекторите за вршење на надзор во две насоки: обуки за вршење на надзор на спефицични технологии и соодветна опрема за вршење на тој надзор.
- Потребен е повеке персонал и соодветна опрема за да може казните да се процесуираат.
- Потребно е да се зголеми бројот на инспектори сообразно на бројот на инсталации во секоја општина.
2. Одржана обука за инспекциски надзор со теми: инспекциска постапка, инспекциски надзор, законодавство, практика и координација со Градската инспекција (присуствуваа 17 инспектори за животна средина, вклучително и раководителот на градскиот инспекторат во Скопје, Мирослав Богдановски).
Заклучоци и согледувања:
- Ова беше прва институционална координација помеѓу општинските и градските инспектори за животна средина за соработка при спроведување инспекциски надзор над загадувачите.
- Потребно е подигање на свеста и информирање на граѓаните за можностите за ефективна соработка со инспекциските служби.
- Потребно е јакнење на капацитети на институциите за подобрување на инспекцискиот надзор.
- Потребно е подобрување на правната рамка во насока на подобрување на инспекцискиот надзор.
- Правилникот за гранични вредности, што е изменет на иницијатива на Инспекторатот на Град Скопје, а во мегувреме стапи на сила, треба да овозможи поефикасно вршење на работите на инспекторите, на кои до сега им беше ускратена оваа алатка и онезвозможуваше казнување на оние кои ги прекршиле законите.
- Потребно е да се дефинираат ингеренциите на различните органи на управата.
- Препораки до општините за подобрување на состојбата со жиивотната средина во општините на градот Скопје.
3. Организирани и одржани 4 општински јавни дебати (Карпош, Аеродром, Центар и Гази Баба) со присуство на граѓани, граѓански активисти и голем број медиуми. Не присуствуваа градоначалниците кои беа поканети.
Заклучоци и согледувања:
- Потребно е подигнување на свеста и информирање на граѓаните за можностите за ефективна соработка со инспекциските служби
- Инспекциите треба да обезбедат комуникација со граѓаните (активни телефони) и една „црвена линија“, унифицирана за сите инспектори во Скопје.
- Потребно е да се изгради доверба меѓу граѓаните и инпекторите кои со заеднички напори ке покажат нетолеранција кон загадувачите (едните ке пријавуваат, а другите ќе постапуваат и казнуваат соодветно).
- Граѓаните треба да бидат информирани дека дојавата до инспекторатите е анонимна (инспекторите треба да ја чуваат информацијата од кого е дојавата во тајност). За повреда на тоа право може да се побара одговорност од инспекторите. Воедно, инспекторатот има обврска да одговори на претставката од граѓанинот во рок до 15 дена.
- Согласно Законот за јавна чистота, полицијата има право и должност да одговори на дојава од граѓаните при повреда на законот.
- Инспекторатите треба да бидат транспаретни во вршењето на својата работа.
- Државата мора да обезбеди акредитирана лабораторија за анализи.
- Потребни се повеке вонредни инспекциски надзори, според оперативни планови и издадени елаборати, но со мерење, а не само со преглед на издадени документи.
- Покрај инспекторите, потребно е едукација и на судиите, во насока на поефекасно решавање на предмети поднесени од страна на инспекторатите.
- Потребно е да се направи Регистар на загадувачи (какви горива користат).
- Потребен е Правилник за дозволени цврсти горива.
- Потребна е координација со Пазарен инспекторат и Царина, заради проверка на квалитетот на увоз на горива, како и соодветна опрема за Царината.
- Потребна е подобра правна рамка за подобрување на инспекцискиот надзор.
- Потребно е да се дефинираат ингеренциите на различните органи на управата за подобра координација на инспекторатите на верткално и хоризонтално ниво.
- Во насока на превенција, треба да се подобрат стандардите и процедурите за стекнување дозвола за работа на инсталациите, при Управата за животна средина.
- Државата мора да воспостави подобар систем на контрола при индиции за коруптивни практики во областа животна средина.