Донатор: Министерство за животна средина и просторно планирање на РСМ
Време на имплементација: 04/2020-11/2020
Буџет: 250.000 МКД
Општа цел: Подобрена транспарентност на инспекцијата на локално ниво.
Специфична цел 1: Испитување на јавното мислење за сериозноста на загадувањето и достапните начини за пријавување на загадувањето од страна на граѓаните.
Специфична цел 2: Стандардизирање на начините на кои граѓаните може да пријават загадување преку изработка на соодветен правен акт.
Специфична цел 3: Олеснување на примената на промените во законите од областа на животната средина што произлегуваат од новиот Закон за инспекциски надзор и Закон за прекршоци од страна на овластените инспектори за животна средина.
Специфична цел 4: Информирање на пошироката јавност за начините како да се подобри транспарентноста на инспекцискиот надзор на локално ниво.
Краток опис: Во насока на подобрување на инспекциите над загадувачите, во 2019 година беа донесени Законот за инспекциски надзор и Законот за прекршоци. Состојбите со квалитетот на водухот и општо со загадувањето ги загрижуваат граѓаните, но тие не се доволно информирани како можат да пријават загадување кај локалните инспектори. Затоа овој проект прави анализа на информираноста на граѓаните и нивната спремност да се вклучат во пријавувањето во Градот Скопје и општините Битола, Велес и Куманово. Потоа се изработува правилник за стандардизирано пријавување на граѓаните. Од друга страна, ни овластените инспектори во општините не се запознаени со сите законски измени што се однесуваат на нивната работа, па има потреба и за изработка на прирачник за надлежностите на овластените инспектори за животна средина. Проектот предвиде и заедничка дебата на локални инспектори за животна средина, активисти, граѓани и медиуми, заради заемно информирање и договарање на подобрена соработка во иднина. Притоа, како најдобар пример се посочува Градскиот инспекторат во Градот Скопје, кој има Фејсбук страница и други е-алатки за пријавување и следење на загадувањето и справувањето со него.
Резултати:
- Подобрено информирање на граѓаните за пријава на загадување;
- Стандардизирани процедури за постапување на локалните инспектори за животна средина, по пријави на граѓани;
- Примена на новите закони за подобрување на инспекцискиот надзор.
Производи:
- Прашалник за анкета на граѓаните во врска со пријавување на загадување;
- Правилник за стандардизирано пријавување загадување од страна на граѓаните;
- Прирачник за надлежностите на овластените инспектори за животна средина, согласно со промените во законите од областа на животната средина.