Донатор: Европска Унија, Програма за мали грантови: Поддршка на локалните граѓански организации во спроведувањето на ЕУ и регионалната антикорупциска агенда, Програма SELDI, 2018/394-123 - GA1.
Партнер: Ромски центар за демократију, Бујановац – Србија, лидер; Зелен институт, Скопје – Македонија.
Време на имплементација: 09/2019 – 05/2020
Буџет: 11.947 ЕУР
Буџет на Зелен институт: cca 6.000 ЕУР
Општа цел: Да се придонесе во борбата против постоечката корупција во областа на животната средина, здружување на медиумите и граѓанското општество во Србија и Македонија. Животната средина веќе страда од неправилности во јавните набавки и Индексот на перцепција на корупцијата ја рангира Србија на 87 место, а Македонија на 93 место од 180 земји.
Специфична цел 1: Градење на капацитетите на медиумите и граѓанското општество со цел да се обезбеди поширока јавна поддршка и да се искористат постоечките механизми за борба против корупцијата при трошење јавни фондови за заштита на животната средина.
Специфична цел 1: Соработка на истражувачките новинари и граѓанските организации од Србија и Македонија во заеднички напори за разоткривање и борба против корупциските практики во трошењето на јавните средства за животна средина.
Краток опис: За да постигнеме конкретни цели, соработувавме со новинари од областа на истражувачкото новинарство од Србија и Македонија и граѓански организации кои работат во областа на борбата против корупцијата во животната средина. Познати се случаи кога не е јасно зошто одговорните институции не преземаат никакви правни дејствија. Проектот има намера да ги процени ваквите случаи во Македонија и Србија, особено во Врање и Скопскиот регион (на пр. Александровачко Езеро во близина на Врање и санитарната депонија Дрисла во близина на Скопје).
Активности:
1. Повик за истражувачки новинари за 2-дневна обука за Поглавје 27, со фокус на животната средина и корупцијата (до 10).
2. Следи поддршка на новинарите да подготват и објават написи (најмалку 5 по земја) на нашите веб-портали (www.ktjs.rs и www.text.mk) за случаи на корупција и неправилности во областите за заштита на животната средина.
3. Организирање на две ТВ емисии на локалните телевизии (TV Info Puls и TV Cod), за да се подигне јавната свест за овој вид корупција во двете земји).
4. Изградба на регионална мрежа на граѓански организации и поединци/експерти кои сакаат да го следат напредокот на корупцијата во случаите на фондови за животна средина.
5. Организирање конференција во Скопје, со заинтересирани страни, релевантни институции и експерти за корупција во фондовите за животна средина во Србија и Македонија.
6. Подготовка на документи за политиките за двете земји, за борба против корупциските практики и нивно испраќање до заинтересираните страни и релевантните институции (на пример, јавното обвинителство).
Резултати:
- Воспоставена соработка за заедничките активности на засегнатите страни во проектот со цел да се овозможи владеење на правото.
- Воспоставена регионална мрежа на граѓански организации и поединци/експерти.
Производи:
- 5 написи за корупција во животната средина
- репортажа на ТВ Код.