ПРОЕКТИ 2021
Во 2021 година Зелениот институт ги продолжи своите активности во 2 проекта од претходната година и започна 2 нови.
Продолжени проекти од 2020:
1) STEFAN - Sustainable Tourism: Eco-friendly Actions Network (Одржлив туризам: Мрежа за еко-туризам)
Донатор: ERASMUS+ PROGRAME (KA2 Cooperation for innovation and the exchange of good)
Партнери: Institut pro regionalni rozvoj o.p.s. - Czech Republic, носител на проектот; Ecocenter Alapítvány - Hungary; Academia Postal 3 Vigo S.L. - Spain; Association of Environmentally Sustainable Development Green Institute Skopje - North Macedonia and ASK Development d.o.o. - Slovenia.
Времетраење: 09/2020-8/2022
Буџет: 182.309 EUR
Буџет на Зелен институт: 27.143 EUR/2 години
Општа цел: Да се подобри конкурентноста на европската туристичка индустрија, преку зголемување на професионалното знаење на луѓето вработени во секторот и квалитетот на неговите услуги, како и преку развивање иновативна образовна платформа за е-учење.
Специфична цел 1: Да се развие одржлив туризам и екотуризам во 5-те партнерски земји.
Специфична цел 2: Да се зголемат новите можности за вработување, да се развијат веќе постоечките мали бизниси и да се потенцираат нови.
Специфична цел 3: Да се воспостави иновативна платформа за е-учење и едукативни материјали за обука на туторите во областите на екотуризмот и одржливиот туризам.
Специфична цел 4: Да се направат тематски брошури со тематски тури, врз основа на соработка помеѓу локални организации, засегнати страни, општини и претприемачи.
Краток опис: Има за цел развој на одржлив туризам и екотуризам во земјите партнери преку воспоставување иновативна платформа за е-учење и едукативни материјали за зголемување на бројот на туристички професионалци, подигање на претприемачките вештини и локална соработка меѓу образовните компании, луѓето кои работат во туристичкиот сектор и самите туристи. Конзорциумот на проектот се состои од 5 партнери од 5 различни земји: Чешка, Унгарија, Шпанија, Македонија и Словенија.
Резултати:
1. Истражување на земјата кое го опишува развојот на екотуризмот во секоја земја партнер со цел да им даде на учесниците општ преглед на моменталната ситуација.
2. Материјал за обука заснован на истражување на земјата (креирање методологија, алатка за валидација на компетенции, материјал за обука на тутори) и веб-страница на проектот што содржи информации за тоа.
3. Платформа за е-учење STEFAN за обука на тутори во областите на екотуризмот и одржливиот туризам преку 5 чекори:
- креирање на 6 модули за учење
- обука на туторите
- прелиминарна верзија на платформата за е-учење
- онлајн пилот тестирање
- финална верзија на STEFAN платформата за е-учење.
4. Тематски брошури базирани на развиени тематски тури, кои ја истакнуваат соработката помеѓу локалните организации, засегнатите страни, општините и претприемачите, носејќи потенцијал и атрактивност на тематските тури над масовниот туризам.
Производи:
STEFAN e-платформа за учење со 6 модули
- Вовед во екотуризмот и одржливиот туризам
- Етички прашања
- Безбедност и квалитет во екотуризмот
- Промоција на екотуризмот
- Управување со екотуризмот
- Туризам за лица со посебни потреби.
2) Учество во Кампањата „Разбистри се“
Донатор: Обединетото Кралство
Партнери: Институтот за комуникациски студии ИКС беше носител на проектот „Поврзи ги точките: подобрени политики преку граѓанско учество“, со кампања на Алијансата „Разбистри се“ во која учествуваа над 40 граѓански организации, факултети, медиуми и поединци.
Време на имплементација: 12/2020-3/2022
Буџет на Зелен институт: 1.000 EUR
Општа цел: Да се подобри законската регулатива во заштитата на природните ресурси и инспекцијата на животната средина.
Специфична цел 1: Да се подобри Законот за минерални суровини.
Специфична цел 2: Да се подобри Законот за води.
Специфична цел 3: Да се подобри Законот за инспекциски надзор во животната средина.
Специфична цел 4: Да се подобри Законот за концесии на добра од општ интерес.
Специфична цел 5: Да се подобри инспекцискиот надзор на инспекторите од Државниот инспекторат за животна средина.
Активности:
За подобрување на законската регулатива
- анализа на законската регулатива
- јавно застапување и лобирање за поддршка на предлозите од Алијансата
- предлагање амандмани на закони кога влегуваат во собраниска процедура
- лобирање за прифаќање на амандманите и поднесување од пратениците
- јавно лобирање за прифаќање на амандманите во Собранието.
За подобрување на инспекцијата на животната средина
- формирање на Граѓански инспекциски совет – ГИС (иницијатива и координација на Зелен институт)
- работа и кампања на ГИС, преку 5 тематски работни групи:
- - за законот за инспекција во животната срединаеа отпад и депонии
- - за води
- - за природа
- - за индустриско загадување.
- подобрување на текстот на Законот за инспекциски надзор во животната средина преку анализа, пишување предлози и јавно застапување и лобирање во Собранието.
Резултати:
- Подобрен текст на Законот за минерални суровини, преку јавна кампања и учество во работна група во Министерството за економија, со прифатени голем дел од барањата на еко-активистите и експертите, по што законот БЕШЕ УСВОЕН во Собранието (април 2022);
- Подобрен текст на Законот за води, преку јавна кампања и учество во работна група заедно со претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање, со прифатени голем дел од барањата на еко-активистите и експертите, по што законот НЕ БЕШЕ УСВОЕН од Владата и не дојде во Собранието;
- Подобрен текст на Законот за инспекциски надзор во животната средина преку јавна кампања и работна група на Граѓански инспекциски совет – ГИС, заедно со Државниот инспекторат за животна средина и Министерството за животна средина и просторно планирање, по што законот БЕШЕ УСВОЕН во Собранието (април 2022).
Нови проекти во 2021:
Донатор: Foundation Bureau de Helling Democracy Development Abroad, Холандија
Време на имплементација: 01/2021-12/2021
Буџет: 32.000 EUR
Општа цел: Повеќе зелени активисти да бидат избрани во локалните совети, со цел да ги подобрат и решат еколошките проблеми во земјата.
Специфична цел: Да ги зајакне капацитетите на советниците и кандидатите за советници, како и младите, за претстојните локални избори 2021.
Краток опис: Проектот се состои од едукација/обуки за локалните зелени активисти за ефективно користење на онлајн алатките; за нивен ангажман во нови иницијативи за решавање на локални еколошки проблеми; дефинирње кампањи за локални избори.
Активности:
1. Обука на кандидати за советници – Локални тренери-ментори, со комбинирана агенда – мали регионални групи поради КОВИД 19 и зум средби, вкупно 60 учесници. Детектирани локални проблеми, креирани локални иницијативи и мрежи за поддршка, изнаоѓање начин за решавање на проблемот и известување со видео-клипови.
2. Обука на зелени млади за онлајн кампањи/графички дизајн - Целта е да ги научи и да ги надгради во техники за подготовка на графички пораки и видео клипови, практикувајќи онлајн кампањи на социјалните медиуми.
3. Зајакнување на онлајн капацитетите на зелени активисти на национално ниво - Професионален ПР-тим ќе им помогне во надградбата на нивното знаење за ефективно користење на онлајн алатките, преку креирање информативни постови и видео-клипови.
4. Анкета за мислењето на граѓаните за еколошки прашања - Професионален новинар ќе го подготви прашалникот за тековните приоритети/потреби на граѓаните, правејќи потоа интервјуа во различни општини. Анализата ќе даде преглед за подобро разбирање на локалните еколошки проблеми. До 60 лица во видео-интервјуата.
5. Изградба на локална мрежа на чувари на животната средина - Мапирани локални проблеми, поддржани во застапување на локално ниво, соработка со локални или национални власти за решавање на проблемите и јавно известување со видео клипови. Техничка помош од ПР-тим, до 60 лица.
Резултати: Зајакнати вештини за онлајн активности на социјални мрежи на зелените активисти; подобро вмпежување и разбирање на проблемите на граѓаните што се однесуваат на еколошките проблеми; решавање на помали проблеми со застапување, вмрежување и соработка; известување со видео-клипови; поголема видливост на зелените активисти и на еколошките проблеми воопшто; учество во креирањето на широко распространетото мислење меѓу граѓаните дека зелените активисти треба да бидат избрани во советите, со цел да ги подобрат и решат еколошките проблеми во земјата.
Производи:
- Текстуално и видео-истражување за мислењето на граѓаните за еколошките прашања
- Кампањата #ЗеленКруг (мапирање еколошки проблеми низ земјава со зелени кругови, 27 видеа, постирање; 106,5k Post reach, 14,3k Post engag./1месец)
- #ЕкоАкција (иницијативи за решавање/или не на еколошки проблеми)
- #ЕкоРеакција (реакции/или не од страна на институциите во решавањето)
Донатор: EU (IPA II) 2019 Action Programme – Inclusion.
Партнери: Општина Штип - носител на проектот, Општина Берово, Зелен институт.
Време на имплементација: 01/2021-12/2023
Вкупен буџет: 895.400 EUR
Буџет на Зелен институт: 320.600 EUR/3 години
Општа цел: Унапредување на домувањето, образованието и економските можности за Ромите и луѓето кои живеат во длабока сиромаштија преку подобрување на нивните услови за домување и пристап до социјални услуги засновани во заедницата во Република Северна Македонија.
Специфична цел 1: Подобрување на урбаната регенерација, реконструкција и елиминирање на небезбедните услови за домување во ромските неформални населби во Штип и Берово.
Специфична цел 2: Подобрување на социо-економската вклученост на Ромите кои живеат во неформалните населби во Штип и Берово во однос на социјалните услуги и здравствените услуги на ниво на заедницата.
Краток опис: Предложената интервенција ќе го има за приоритет унапредување на домувањето и условите за живеење, легализација на ромските населби и живеалишта, подготовка и имплементација на планови за развој на социјалната инфраструктура, вклучително и специфични услуги за Ромите. Зголемувањето на степенот на вработеност помеѓу Ромите е исто така цел.
Активности ќе се однесуваат на:
1. Потребата да се подобрат условите за живеење на куќите во склад со националното законодавство за интегрирана урбана регенерација/реконструкција и отстранување на штетните услови за живеење, преку идентификување на куќи со небезбедни и нездрави услови и поправка, рехабилитација и реконструкција на куќите на најсиромашните ромски домаќинства и идентификација на најитните работи за подобрување на јавната инфраструктура, регенерација и отстранување на најштетните услови од ромските населби легализирани со ДУП-ови.
2. Потребата од проценка и ажурирање на ГУП-от на општина Штип и Берово и изработка на ДУП за подрачјата Света Недела и беровска населба до кои до сега ниту едно урбанистичко планирање не дошло со изработка или ажурирање на ГУП-ови и ДУП-ови поврзани со Ромски населби.
3. Потребата од легализирање на куќите на неформалните ромски населби во Катастарот на недвижности со легализација на ромските неформални населби во однос на ГУП, ДУП и можност за живеење на куќите.
4. Неопходноста од развивање и спроведување на програми за социјални услуги, здравствена заштита и вработување, културно чувствителни, насочени кон социјална вклученост на Ромите. Зголемена свест на Ромите кои живеат во сиромашни и неформални населби и на општата јавност за еднакви права во пристапот и користењето на социо-образовните и здравствените услуги на ниво на заедниците преку спроведување кампањи за подигање на свеста за пристапот на општинските социјални и здравствени услуги во заедницата ниво.
5. Попис на ромските населби и анкета за социјално-економско-образовната и здравствената состојба во населените места, исто така, со цел евидентирање на непријавените лица и преку изработка на програма за општина Штип и Берово, за подобрување на општинските социо-економски иницијативи за ромските заедници.
6. Подобрување на урбаната регенерација, реконструкција и елиминирање на небезбедните услови за домување во ромските неформални населби Штип и Берово.
Резултати:
- Проценка и ажурирање на ГУП-от на Берово од 2002 година и ДУП-от од 1992 година, вклучително и ромската населба.
- Довршување и ажурирање на ДУП за 2012 година со населеното место Света Недела на општина Штип.
- Финализирање на постапките за легализација на 1157 ромски домаќинства во Штип и 40 во Берово.
- Финален урбанистички документ кој известува за препораки и технички спецификации за идна интервенција со цел подобрување на условите за живеење на Ромите во населбите Штип и Берово.
- Ажурирано истражување за условите на куќите и инфраструктурата.
- Санација на куќи на 15 најсиромашни домаќинства во Берово и нови градежни работи за 47 домаќинства во Штип за семејства кои ќе бидат дислоцирани на нова парцела од Невролошката болница каде што живеат.
- Физибилити студија на инфраструктурни интервенции.
• Подобрување на малите инфраструктури во Берово и во Штип.