Здружението ги остварува своите цели преку:
1) истражување и експертиза за закони и други прашања од животната средина, економијата и демократските процеси;
2) јавни дебати, конференции и други настани со учество на релевантни заинтересирани лица, како и домашни и странски експерти;
3) едукација и обука за јакнење на капацитетот на јавни службеници, носители на одлуки и зелени активисти (тематски предавања, промоција на зелени политики, стратешко планирање, лобирање и застапување, работа со медиуми);
4) мониторинг и оценка на институциите од областа на животната средина;
5) печатење публикации за студии и истражувања;
6) лобирање и застапување за зелените политики;
7) активности за подигање на свеста за зелените политики (кампањи, медиски претставувања);
8) вмрежување и соработка со организации и институции кои работат на зелените политики во земјава и во странство.