Се појавија зелени кругови поставени на места кои бараат реакција. А преку тоа, пак, ги прашавме граѓан(к)ите и активист(к)ите дали сакаат да иницираат решавање на повеќе проблеми што ги мачат како на пример немањето доволно контејнери, или се ужаснуваат од диви депонии, но и загаденоста на нивната околина, воздухот, почвата, водата? Можеби некаде се потребни велосипедски патеки, сензори за мерење на аерозагадувањето, промена на азбестни цевки и кровови, или пак е потребен развој на рурален и/или еко-туризам? Дел од испитаниците веднаш знаеја што треба, имаа идеја и иницијатива да променат нешто.
Тие се придружија преку прашалникот што го имавме објавено за нашата #EкоAкција „Што ми треба во мојата општина?” #ЗеленКруг за заедно да се обидеме да решиме некои од локалните проблеми што нѐ мачат.
Тимот на Зелен институт им обезбеди поддршка за застапување со цел иницијативите да бидат видливи и заедно да упатиме барања до надлежните институции за решавање на проблемите на граѓаните од Вашата општина.
Тргнавме во потрага по мапираните места со зелените кругови кои ги поставија активистите и ги прашавме зошто ги поставиле токму на овие локации.
Во рамки на оваа кампања објавивме и видео кое беше поврзано со одбележувањето на Денот на планетата Земја🌍, кој е празник на единствениот дом на сите живи суштества. - линк
22 АПРИЛ - Ден на планетата Земја, празник на единствениот дом на сите живи суштества.
По повод овој ден, од #ЗеленИнститут го одбележавме со тоа дека и ова(!) е Македонија - преку барањата на нашите сограѓан(к)и кои активистички преку #ЕкоАкција и со обележувањето со #ЗеленКруг алармираат што им е потребно од аспект на зелените политики и за заштита на животната средина.
До објавата на ова видео во оваа акција се придружија еко-активист(к)и од општините кои ги има и во видеото. Станува збор за колаж од сите објавени репортажи до конректниот датум.