03/2023
ОТВОРЕН ПОВИК ЗА ЕКСПЕРТ ЗА ПЛАНИРАЊЕ НА ПРЕДЕЛИ И ПЕЈЗАЖНА АРХИТЕКТУРА
Здружението за еколошко одржлив развој „ЗЕЛЕН ИНСТИТУТ“ од Скопје има потреба од ангажирање на експерт за планирање на предели и пејзажна архитектура, во рамки на проектот „Повеќе зеленило за отпорно Скопје“, што го спроедува во партнерство со Центарот за еколошка демократија „Флорозон“ и здружението „Македонско женско лоби“.
Проектот е дел од програмата „Граѓанските организации во акција за климатските промени’’, финансирана од владата на Шведска преку Swedish International Development Cooperation Agency (SIDA), а се спроведува од Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест Скопје, Македонското здружение на млади правници и ЦНВП-Македонија.
ЦЕЛ НА АКТИВНОСТА
Глобална цел на проектот е спречување на појавата на топлински острови, намалување на загадувањето и емисијата на стакленички гасови и подобрување на квалитетот на животот во Градот Скопје.
Специфичните цели на проектот се:
- Спречување на натамошната загуба на зеленило, негово ширење и зголемување на неговата отпорност, преку подобрување на законската рамка што го регулира развојот на урбано зеленило, урбанистичкото планирање и градење, со вклучен родов аспект
- Обезбедување сеопфатен и ажуриран зелен катастар, кој се користи во урбанистичкото планирање, како резултат на анализата на урбанистички планови и насоките за измена на законите
- Зголемување на површината под урбано зеленило на деградирани површини во состав на станбените блокови
- Создавање услови за подигање и одржување на урбано зеленило што е отпорно на климатските промени, преку обновување на расадникот на ЈП Паркови и зеленило и обука на вработените за садење и одгледување климатски отпорни видови
ЗАДАЧИ НА ЕКСПЕРТОТ
Избраниот кандидат ќе ги спроведе следните активности:
- Придонес во анализата на законската рамка и во формулирањето предлози за можни законски измени:
- Учество во изработката на предлози за измени на Законот за урбано зеленило
- Учество во утврдувањето препораки за соодветни измени во другите анализирани закони (Закон за урбанистичко планирање и Закон за градење) со цел заштита на зеленилото и особено за интегрирање на климатските промени во планирањето и одржувањето на зеленилото
- Учество на одделни работни состаноци на екпертскиот тим ангажиран за формулирање на законските измени
- Зазеленување на деградирана зелена површина во рамките на станбен блок:
- Придонес кон дефинирањето критериуми за конкурсот за избор на деградирана површина за зазеленување во состав на станбен блок.
- Изработка на план за озеленување на избрана деградрана површина во состав на станбен блок
- Избор на растенија и садници, имајќи ги предвид и критериумите за адаптирање на климатските промени
- Упатство за одржување на зеленилото со цел адаптирање на климатските промени
- Придонес кон изработката на визијата / концептот за реконструкција и рехабилитација на расадникот во кругот на ЈП Паркови и зеленило (на ул. „Илинденска“):
- Утврдување на состојбата на постојните објекти за производство на садници
- Утврдување на можностите за нивна реконструкција / рехабилитација со цел примена на соодветни мерки за одгледување видови што се отпорни на климатските промени
- Изработка на општ акциски план за постепена реконструкција / рехабилитација на целиот расадник на ул. „Илинденска“
- Учество во спроведување промотивни активности, дебата и завршна конференција:
- Учество на јавна дебата за резултатите од анализите за предлог-законски измени;
- Учество во завршна конференција.
Избраниот кандидат ќе предаде пишани материјали како придонес во изработката на следните извештаи:
- Придонес кон извештај 1. Анализа на законската рамка (пишан материјал во врска со предлог-законските измени).
- Придонес кон извештај 3: Утврдување препораки за законски измени со цел заштита на зеленилото (предлог-упатство за одржување на зеленилото со цел адаптирање на климатските промени)
- Придонес кон извештај 5: Визија / концепт за реконструкција и рехабилитација на расадникот во кругот на на ЈП Паркови и зеленило (на ул. „Илинденска“)
ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
- кратко мотивациско писмо во кое се истакнува релевантното искуство и компетенции, максимум 1 страна
- CV - максимум 5 страници со примери од претходна работа поврзана со студии и анализи на урбаното зеленило во Градот Скопје, пејзажно планирање и обликување;
- Изјава за интерес што ја потврдува достапноста на кандидатот, независноста и отсуството на конфликт на интереси;
- Понуда за цена на вкупниот ангажман
КРИТЕРИУМИ ЗА КАНДИДАТИТЕ
Квалификации и вештини:
- Академски профил: Универзитетска диплома (шумарски или земјоделски факултет, пејзажна архитектура);
- Искуство во планирање и развивање зелени површини (во јавна и приватна сопствност)
- Силни аналитички вештини и способност за пишување анализи и извештаи.
Општо професионално искуство:
- Најмалку десет (10) години професионално искуство со планирање на просторот и на урбаното зеленило;
Специфично професионално искуство:
- Најмалку десет (10) години работно искуство во изработка на студии и анализи за урбано зеленило во Градот Скопје;
- Најмалку десет (10) години искуство во пејзажно планирање и обликување;
ВРЕМЕНСКА РАМКА И ЛОКАЦИЈА
Ангажманот започнува во мај 2023 година и ќе трае до февруари 2024 година.
ОЦЕНКА НА КАНДИДАТИТЕ
Евалуационата комисија ќе го извести само оној кандидат чија понуда ќе биде избрана. Канидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:
- Квалификации и вештини, општо / специфично искуство во спроведувањето на слични активности - 80 бодови
- Понудена цена за активноста - 20 бодови
Вкупно 100 бодови.
Договор ќе биде склучен со оној кандидат кој ќе добие најголем број бодови.
ПРИЈАВУВАЊЕ
Кандидатот треба да ја испрати комплетната понуда на еmail:
Повеќе информации можете да добиете на тел. 071/229-373.