Се грижиме и нудиме еколошко одржливи концепти за проблемите во животната средина во повеќе области: клима, загадување, отпад, рударство, води, урбанизам. Инсистираме на зелена економија со обновлива енергија, паметни градови, органска храна, екотуризам. Се бориме против корупција во екологијата, со јакнење и граѓански надзор на инспекторатите за животна средина и други институции. Одлучно се бориме за демократија, човекови права и владеење на правото, како предуслов за слободно и праведно општество.