02/2023
ОТВОРЕН ПОВИК ЗА ЕКСПЕРТ ЗА УРБАНИЗАМ И ЗЕЛЕНИЛО
Здружението за еколошко одржлив развој „ЗЕЛЕН ИНСТИТУТ“ од Скопје има потреба од ангажирање на експерт за урбанизам и зелнило, во рамките на проектот „Повеќе зеленило за отпорно Скопје“, што го спроведува во партнерство со Центарот за еколошка демократија „Флорозон“ и здружението „Македонско женско лоби“.
Проектот е дел од програмата „Граѓанските организации во акција за климатските промени’’, финансирана од владата на Шведска преку Swedish International Development Cooperation Agency (SIDA, а се спроведува од Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест Скопје, Македонското здружение на млади правници и ЦНВП-Македонија.
ЦЕЛ НА АКТИВНОСТА
Глобална цел на проектот е спречување на појавата на топлински острови, намалување на загадувањето и емисијата на стакленички гасови и подобрување на квалитетот на животот во Градот Скопје.
Специфичните цели на проектот се:
- Спречување на натамошната загуба на зеленило, негово ширење и зголемување на неговата отпорност, преку подобрување на законската рамка што го регулира развојот на урбано зеленило, урбанистичкото планирање и градење, со вклучен родов аспект
- Обезбедување сеопфатен и ажуриран зелен катастар, кој се користи во урбанистичкото планирање, како резултат на анализата на урбанистички планови и насоките за измена на законите
- Зголемување на површината под урбано зеленило на деградирани површини во состав на станбените блокови
- Создавање услови за подигање и одржување на урбано зеленило што е отпорно на климатските промени, преку обновување на расадникот на ЈП Паркови и зеленило и обука на вработените за садење и одгледување климатски отпорни видови
ЗАДАЧИ НА ЕКСПЕРТОТ
Избраниот кандидат ќе ги спроведе следните активности:
1. Анализа на законската рамка и изработка на законски предлог измени:
- Утврдување на одредбите од Законот за урбано зеленило и Правилникот за планирање, проектирање, подигање и одржување на зеленилото што несоодветно се применуваат и утврдување на причините за недоволната примена на овие одредби;
- Утврдување на слабостите на Законот за урбанистичко планирање и Законот за градење со соодветните правилници во однос на заштитата на урбаното зеленило:
a. Анализа на третманот на урбаното зеленило во генералните урбанистички планови и деталните урбанистички планови за Градот Скопје.
б. Анализа на влијанијата / последиците врз планирањето на урбаното зеленило прдизвикани од специфичните одредби на законот за просторно и урбанистичко планирање и законот за урбанистичко планирање и нивните измени.
- Доставување пишани материјали од наодите на анализата и учество на неделните состаноци на експертскиот тим ангажиран за измена на законите за урбано зеленило, законот за урбанистичко планирање, законот за градење и релевантните правилници и дискутирање на писмените предлози од другите членови;
- Утврдување препораки за законски измени со цел заштита на зеленилото во урбанистичкото планирање, а врз основа на претходните анализи.
- Формулирање предлози за измена на релевантни закони со кои ЈП Паркови и Зеленило, Градот Скопје и управителите / сопствениците на становите заеднички ќе се обврзат да го финансираат подигањето и одрржувањето на зеленилото во состав на станбените блокови.
- Учество во креирањето материјали за информирање на јавноста преку прес конференции.
2. Учество во спроведување промотивни активности, дебата и завршна конференција:
- Учество на јавна дебата за резултатите од предлог- законските измени;
- Учество во завршна конференција.
Избраниот кандидат ќе предаде пишани материјали како придонес во изработката на следните извештаи:
- Придонес кон извештај 1. Анализа на законската рамка (анализа на третманот на урбаното зеленило во генералните урбанистички планови и деталните урбанистички планови за Градот Скопје и анализа на влијанијата / последиците врз урбаното зеленило предизвикани од специфичните одредби на законот за просторно и урбанистичко планирање и законот за урбанистичко планирање и нивните измени врз третманот на урбаното зеленило)
- Придонес кон извештај 2: Предлози за законски измени (пишани материјали од наодите на анализите на законската рамка и предлози за измена на законите за урбано зеленило, законот за урбанистичко планирање, законот за градење и релевантните правилници)
- Придонес кон извештај 3: Утврдување препораки за законски измени со цел заштита на зеленилото во урбанистичкото планирање, а врз основа на претходните анализи
- Придонес кон извештај 4: Формулирани предлози за измена на релевантни закони со кои ЈП Паркови и зеленило, Градот Скопје и управителите / сопствениците на становите заеднички ќе се обврзат да го финансираат подигањето и одржувањето на зеленилото во состав на станбените блокови.
ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
- Кратко мотивациско писмо во кое се истакнува релевантното искуство и компетенции, максимум 1 страна
- CV - максимум 5 страници со примери од претходна работа поврзана со заштитата на животната средина и/или планирање на просторот, пишување на закони и подзеконски акти, лобирање, застапување и спроведување стратегии за комуникација и јавни кампањи.
- Изјава за интерес што ја потврдува достапноста на кандидатот, независноста и отсуството на конфликт на интереси;
- Понуда за цена на вкупниот ангажман
КРИТЕРИУМИ ЗА КАНДИДАТИТЕ
Квалификации и вештини:
- Академски профил: Универзитетска диплома (архитектонски факултет);
- Силни аналитички вештини и способност за пишување анализи и извештаи.
Општо професионално искуство:
- Најмалку десет (10) години професионално искуство со планирање на просторот и третманот на урбаното зеленило;
Специфично професионално искуство:
- Најмалку десет (10) години работно искуство во изработка на анализи за урбано зеленило во урбанистичкото планирање;
- Најмалку десет (10) години искуство во урбанистичко планирање, односно познавање на законската рамка за урбанистичко планирање;
- Учество во изработката на Законот за урбано зеленило и Правилникот за планирање, проектирање, подигање и одржување на зеленилото
ВРЕМЕНСКА РАМКА И ЛОКАЦИЈА
Ангажманот започнува во мај 2023 година и ќе трае до февруари 2024 година.
ОЦЕКА НА КАНДИДАТИТЕ
Евалуационата комисија ќе го извести само оној кандидат чија понуда ќе биде избрана. Кандидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:
- Квалификации и вештини, општо / специфично искуство во спроведувањето на слични активности - 80 бодови
- Понудена цена за активноста - 20 бодови
Вкупно 100 бодови.
Договор ќе биде склучен со оној кандидат кој ќе добие најголем број бодови.
ПРИЈАВУВАЊЕ
Кандидатот треба да ја испрати комплетната понуда на еmail:
Повеќе информации можете да добиете на тел. 071/229-373.