Од 16.10.2023 до 20.10.2023 година сме во Штип, како дел од компонентата за подигнување на јавната свест во областа на здравството. Организирани се здравствени гинеголошки прегледи на 75 жени од ромска популација од Штип. Активностите се дел од проектот „Штип и Берово заедно за подобрување на условите за живеење на ромските заедници”, . Проектот го спроведувааат општините Штип и Берово и Здружението за еколошко одржлив развој - Зелен Институт од Скопје. Проектот е финансиран од Европската Унија.
Активноста се спроведува во соработка со здружението на гинеколози МАГО од Скопје.
Како дополнителна активност заедно со локални волонтери беа извршени информативни разговори и поделени едукативни материјали за значењето на редовните гинеколошки прегледи , како и материјали за редовна и навремена имунизација на населението