Во 2022 година Зелениот институт ги продолжи своите активности во 3 проекти од претходната година и започна 3 нови.
Продолжени проекти од 2021:
1) STEFAN - Sustainable Tourism: Eco-friendly Actions Network (Одржлив туризам: Мрежа за еко-туризам)
Донатор: ERASMUS+ PROGRAME (KA2 Cooperation for innovation and the exchange of good)
Партнери: Institut pro regionalni rozvoj o.p.s. - Czech Republic, носител на проектот; Ecocenter Alapítvány - Hungary; Academia Postal 3 Vigo S.L. - Spain; Association of Environmentally Sustainable Development Green Institute Skopje - North Macedonia and ASK Development d.o.o. - Slovenia.
Времетраење: 09/2020-8/2022*
Буџет: 182.309 EUR
Буџет на Зелен институт: 27.143 EUR/2 години
Проектот продолжи со изработка на:
а) Платформа за е-учење STEFAN за обука на тутори во областите на екотуризмот и одржливиот туризам преку 5 чекори:
- Креирање на 6 модули за учење
- - Вовед во екотуризмот и одржливиот туризам
- - Етички прашања
- - Безбедност и квалитет во екотуризмот
- - Промоција на екотуризмот
- - Управување со екотуризмот
- - Туризам за лица со посебни потреби
- Обука на туторите
- Прелиминарна верзија на платформата за е-учење
- Онлајн пилот тестирање
- Финална верзија на STEFAN платформата за е-учење.
Модулот за обука „Попреченост“ (Disability) беше изработен од Зелен институт во текот на јануари и февруари 2022. Модулот е предвиден за поттикнување и обучување на туристички работници и јавни службеници за потребите и можностите за унапредување на туристичката понуда во еко-туризмот кон лицата со посебни потреби. Акцент е на достоинствен третман на клиентите, кои не бараат социјална услуга, туку фер понуда со достапност до сите туристички содржини.
Обуката за сите модули беше спроведена за учесници од сите 5 земји во текот на септември.
б) Тематски брошури базирани на развиени тематски тури, кои ја истакнуваат соработката помеѓу локалните организации, засегнатите страни, општините и претприемачите, носејќи потенцијал и атрактивност на тематските тури над масовниот туризам.
Еко-туристичката тура Демир Капија, тематска тура вино, храна и култура беше изработена од Зелен институт во текот на јули и август 2022.
* Проектот е продолжен до крајот на 2022 година поради обемот на работите и условите на пандемија кои го попречија планското завршување.
2) Учество во Кампањата „Разбистри се“
Донатор: Обединетото Кралство
Партнери: Институтот за комуникациски студии ИКС беше носител на проектот „Поврзи ги точките: подобрени политики преку граѓанско учество“, со кампања на Алијансата „Разбистри се“ во која учествуваа над 40 граѓански организации, факултети, медиуми и поединци.
Време на имплементација: 12/2020-3/2022
Буџет на Зелен институт: 1.000 EUR
Општа цел: Да се подобри законската регулатива во заштитата на природните ресурси и инспекцијата на животната средина.
Специфична цел 1: Да се подобри Законот за минерални суровини.
Специфична цел 2: Да се подобри Законот за води.
Специфична цел 3: Да се подобри Законот за инспекциски надзор во животната средина.
Специфична цел 4: Да се подобри Законот за концесии на добра од општ интерес.
Специфична цел 5: Да се подобри инспекцискиот надзор на инспекторите од Државниот инспекторат за животна средина.
Активности:
За подобрување на законската регулатива
- анализа на законската регулатива
- јавно застапување и лобирање за поддршка на предлозите од Алијансата
- предлагање амандмани на закони кога влегуваат во собраниска процедура
- лобирање за прифаќање на амандманите и поднесување од пратениците
- јавно лобирање за прифаќање на амандманите во Собранието.
За подобрување на инспекцијата на животната средина
- формирање на Граѓански инспекциски совет – ГИС (иницијатива и координација на Зелен институт)
- работа и кампања на ГИС, преку 5 тематски работни групи:
- - за законот за инспекција во животната средина
- - за отпад и депонии
- - за води
- - за природа
- - за индустриско загадување.
- подобрување на текстот на Законот за инспекциски надзор во животната средина преку анализа, пишување предлози и јавно застапување и лобирање во Собранието.
Резултати:
- Подобрен текст на Законот за минерални суровини, преку јавна кампања и учество во работна група во Министерството за економија, со прифатени голем дел од барањата на еко-активистите и експертите, по што законот БЕШЕ УСВОЕН во Собранието (април 2022);
- Подобрен текст на Законот за води, преку јавна кампања и учество во работна група заедно со претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање, со прифатени голем дел од барањата на еко-активистите и експертите, по што законот НЕ БЕШЕ УСВОЕН од Владата и не дојде во Собранието;
- Подобрен текст на Законот за инспекциски надзор во животната средина преку јавна кампања и работна група на Граѓански инспекциски совет – ГИС, заедно со Државниот инспекторат за животна средина и Министерството за животна средина и просторно планирање, по што законот БЕШЕ УСВОЕН во Собранието (април 2022).
Донатор: EU
Партнери: Општина Штип - носител на проектот, Општина Берово, Зелен институт.
Време на имплементација: 01/2021-12/2023
Буџет: 895.400 EUR
Буџет на Зелен институт: 320.600 EUR/3 години
Општа цел: Унапредување на домувањето, образованието и економските можности за Ромите и луѓето кои живеат во длабока сиромаштија преку подобрување на нивните услови за домување и пристап до социјални услуги засновани во заедницата во Република Северна Македонија.
Специфична цел 1: Подобрување на урбаната регенерација, реконструкција и елиминирање на небезбедните услови за домување во ромските неформални населби во Штип и Берово.
Специфична цел 2: Подобрување на социо-економската вклученост на Ромите кои живеат во неформалните населби во Штип и Берово во однос на социјалните услуги и здравствените услуги на ниво на заедницата.
Краток опис: Предложената интервенција ќе го има за приоритет унапредување на домувањето и условите за живеење, легализација на ромските населби и живеалишта, подготовка и имплементација на планови за развој на социјалната инфраструктура, вклучително и специфични услуги за Ромите. Зголемувањето на степенот на вработеност помеѓу Ромите е исто така цел.
Активности ќе се однесуваат на:
1. Потребата да се подобрат условите за живеење на куќите во склад со националното законодавство за интегрирана урбана регенерација/реконструкција и отстранување на штетните услови за живеење, преку идентификување на куќи со небезбедни и нездрави услови и поправка, рехабилитација и реконструкција на куќите на најсиромашните ромски домаќинства и идентификација на најитните работи за подобрување на јавната инфраструктура, регенерација и отстранување на најштетните услови од ромските населби легализирани со ДУП-ови.
2. Потребата од проценка и ажурирање на ГУП-от на општина Штип и Берово и изработка на ДУП за подрачјата Света Недела и беровска населба до кои до сега ниту едно урбанистичко планирање не дошло со изработка или ажурирање на ГУП-ови и ДУП-ови поврзани со Ромски населби.
3. Потребата од легализирање на куќите на неформалните ромски населби во Катастарот на недвижности со легализација на ромските неформални населби во однос на ГУП, ДУП и можност за живеење на куќите.
4. Неопходноста од развивање и спроведување на програми за социјални услуги, здравствена заштита и вработување, културно чувствителни, насочени кон социјална вклученост на Ромите. Зголемена свест на Ромите кои живеат во сиромашни и неформални населби и на општата јавност за еднакви права во пристапот и користењето на социо-образовните и здравствените услуги на ниво на заедниците преку спроведување кампањи за подигање на свеста за пристапот на општинските социјални и здравствени услуги во заедницата ниво.
5. Попис на ромските населби и анкета за социјално-економско-образовната и здравствената состојба во населените места, исто така, со цел евидентирање на непријавените лица и преку изработка на програма за општина Штип и Берово, за подобрување на општинските социо-економски иницијативи за ромските заедници.
6. Подобрување на урбаната регенерација, реконструкција и елиминирање на небезбедните услови за домување во ромските неформални населби Штип и Берово.
Резултати:
- Проценка и ажурирање на ГУП-от на Берово од 2002 година и ДУП-от од 1992 година, вклучително и ромската населба.
- Довршување и ажурирање на ДУП за 2012 година со населеното место Света Недела на општина Штип.
- Финализирање на постапките за легализација на 1157 ромски домаќинства во Штип и 40 во Берово.
- Финален урбанистички документ кој известува за препораки и технички спецификации за идна интервенција со цел подобрување на условите за живеење на Ромите во населбите Штип и Берово.
- Ажурирано истражување за условите на куќите и инфраструктурата.
- Санација на куќи на 15 најсиромашни домаќинства во Берово и нови градежни работи за 47 домаќинства во Штип за семејства кои ќе бидат дислоцирани на нова парцела од Невролошката болница каде што живеат.
- Физибилити студија на инфраструктурни интервенции.
- Подобрување на малите инфраструктури во Берово и во Штип.
Проектот продолжува со кампањи за информирање за пристап до општинските социјални и здравствени услови на ниво на заедницата, односно кампањата за подигнување на свеста на ромското население во општина Штип поврзани со хигиена, добивање на лични документи, пристапот до здравствената заштита и планирањето на семејство. Тимот за поддршка на Зелениот институт е вклучен во активности за: поддршка за спроведување и зајакнување на информативните и советодавните услуги; поддршка на случаи за остварување на социјалните и здравствените права и други услуги во врска со социјалната заштита на Ромите во општината; поддршка при организирање посета на домаќинствата од Штип, припадници на ромската заедница.
Започнати нови проекти:
1) Struga & Pogradec for promoting tourism and cultural heritage – COOLTOUR (Струга и Поградец за промоција на туризмот и културното наследство – КУЛ-ТУРА)
Донатор: EU (IPA II)
Партнери: Општина Струга (С. Македонија) – носител на проектот, Општина Поградец (Албанија), Зелен институт и IRD&ET (Поградец, Албанија).
Време на имплементација: 01/2022-12/2025
Буџет: 955,760 EUR
Буџет на Зелен институт: 324,107 EUR/4 години
Општа цел: Да се стимулира рамномерен, инклузивен и одржлив социо-економски развој во прекуграничната област на Охридскиот регион.
Специфична цел: Да се развие потенцијалот за туризам преку промовирање на културното наследство и вредности во двете општини Струга и Поградец.
Краток опис: Активностите се замислени така, да промовираат ефикасна прекугранична соработка меѓу апликантите лоцирани на двете локации на Охридското Езеро, кое се смета и вреднува како главна туристичка атракција и фактор за здружување на субјекти од различна националност во соседства што соработуваат.
Тимот на проектот ќе делува како единствен, под координација на проектниот менаџер и преку процедурите за заедничко одлучување предвидени во рамките на проектот. Проектот, исто така, треба да ги земе предвид должните меѓусекторски прашања:
- родова еднаквост и промоција на еднакви можности;
- заштита и унапредување на правата на етничките малцинства;
- демократски стандарди, антидискриминаторски практики и добро владеење;
- заштита на животната средина и зачувување на природните ресурси и биодиверзитетот;
- интеграција на лица со физичка и ментална попреченост (пристапен туризам).
Резултат 1: Капацитетите на давателите на туристички услуги и операторите во Струга и Поградец се зајакнати.
Резултат 2: Јавната туристичка инфраструктура е подобрена, во смисла на надградба на капацитетите за еко-туристички активности, намалување на загадувањето и одржлив развој.
Резултат 3: Зголемена е промоцијата на заедничките туристички понуди за „Охридско Езеро“ од Струга и Поградец, во смисла на заедничкото културно наследство и вредности.
Спроведени проектни активности:
а) започната постапка за изработка на пешачка еко-патека;
б) мапирање субјекти за одржлив туризам од страна на експертски тим (вкупно 407 субјекти, од кои 369 зелени/со потенцијал за зелени);
в) подготовка на прашалник за мапирање сончеви панели.
2) Зелена родова перспектива во Струга
Донатор: ЦРПМ преку EU
Партнери: Зелениот институт е дел од поширокиот проект на ЦРПМ „Низ женски леќи: покревање на политики и буџетски инициjативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост“.
Време на имплементација: 3/2022-12/2022 *
Буџет: 4.050 EUR
Општа цел: Да се изработи мониторинг-извештај на Програмата за животна средина на општина Струга, користејќи алатки за родово одговорно буџетирање.
Специфична цел 1: Да се изработи анализа на програмата за животна средина за 2021 г. Специфична цел 2: Да се изработи анализа на општинскиот буџет за 2021 г.
Специфична цел 3: Да се изработи родово сензитивна проценка на зелените политики и нивното влијание врз локалното население од урбаните и руралните средини.
Активност 1: Анализа на програмите
Активност 2: Состаноци со Координаторката за еднакви можности и раководители на релевантните програми
Активност 3: Подготовка на извештај
Активност 4: Застапување за промени
Резултат 1: Родово сензитивна проценка на зелени политики и нивното влијание врз жените од урбаните и руралните средини.
Резултат 2: родово-разделена проценка на корисниците како аргумент за застапување за промени.
Резултат 3: Родово разделена анализа на јавните расходи односно ползата за мажите и жените од креирање на зелени локални политики во Струга.
Резултат 4: Родово разделена анализа на јавните приходи и импактот од истите како насока за борба против влијанието на климатските промени врз родот.
* Проектот е продолжен до 2023 година поради обемот на работите и условите на пандемија кои го попречија планското завршување.
3) Селекција и рециклажа на отпадот за намалено загадување во општините Струмица, Ново Село и Босилово - иновативна иницијатива за мобилизација на заедницата
Донатор: Швајцарска агенција за развој и соработка (SDC) преку Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) во рамките на проектот „Поддршка на изборни реформи"
Време на имплементација: 11/2022-04/2023
Буџет на Зелен институт: 300.000 ден/6 месеци
Општа цел: Мобилизирање на општините Струмица, Ново Село и Босилово за да се намали загадувањето на животната средина со отпад.
Активност 1: Мониторинг на исполнувањето на ветувањето на советниците од независните листи „СТИГА Е“ во проектните општини.
Активност 2: Презентација на резултатите на мониторингот и базичното истражување во проектните општини, со лоцираните проблеми за реализација.
Активност 3: Дебата меѓу претставници на локалната самоуправа и експерти за управување со отпад, со цел идентификување на пречките и начините за воведување селекција и рециклажа на отпадот во проектните општини.
Активност 4: Граѓанско мобилизирање за здрава животна средина и подобрено управување со отпадот во проектните општини.
Резултат 1: Р. 1 Спроведен е мониторинг на исполнувањето на ветувањето за селекција и рециклажа на отпадот на советниците од независните листи „СТИГА Е“, од аспект на отчетноста.
Резултат 2: Локалните власти и граѓаните се информирани за исполнувањето на ветувањето за селектирање и рециклирање на отпадот.
Резултат 3: Зајакнат е капацитетот на советниците од независните листи „СТИГА Е“, на другите советници и надлежните локални институции за овозможување здрава животна средина.
Резултат 4: Подигната е свеста на граѓаните за животната средина и создадено е активно граѓанство, кое бара исполнителност од локалната власт.