Бр. 09 ОТВОРЕН ПОВИК ЗА ЕКСПЕРТ ЗА ОДРЖЛИВ УРБАН РАЗВОЈ
Здружението за еколошко одржлив развој „ЗЕЛЕН ИНСТИТУТ“ од Скопје има потреба од ангажирање на експерт за одржлив урбан развој, во рамки на проектот „Повеќе зеленило за отпорно Скопје“, што го спроедува во партнерство со Центарот за еколошка демократија „Флорозон“ и здружението „Македонско женско лоби“.
Проектот е дел од програмата „Граѓанските организации во акција за климатските промени’’, финансирана од владата на Шведска преку Swedish International Development Cooperation Agency (SIDA), а се спроведува од Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест Скопје, Македонското здружение на млади правници и ЦНВП-Македонија.
ЦЕЛ НА АКТИВНОСТА
Глобална цел на проектот е спречување на појавата на топлински острови, намалување на загадувањето и емисијата на стакленички гасови и подобрување на квалитетот на животот во Градот Скопје.
Специфичните цели на проектот се:
- Спречување на натамошната загуба на зеленило, негово ширење и зголемување на неговата отпорност, преку подобрување на законската рамка што го регулира развојот на урбано зеленило, урбанистичкото планирање и градење, со вклучен родов аспект
- Обезбедување сеопфатен и ажуриран зелен катастар, кој се користи во урбанистичкото планирање, како резултат на анализата на урбанистички планови и насоките за измена на законите
- Зголемување на површината под урбано зеленило на деградирани површини во состав на станбените блокови
- Создавање услови за подигање и одржување на урбано зеленило што е отпорно на климатските промени, преку обновување на расадникот на ЈП Паркови и зеленило и обука на вработените за садење и одгледување климатски отпорни видови
ЗАДАЧИ НА ЕКСПЕРТОТ
Избраниот кандидат ќе ги спроведе следните активности:
- Анализа на постојни урбанистички планови
- Да се направи преглед на генералните урбанистички планови (плановите од ОУП 1965 год. до ГУП 2012 год.) во однос на планските решенија за зеленило и третманот на истото
- Да се анализира како се класифицира зеленилото и дали тие класификации се предвидени во Законот за урбано зеленило и Законот за убанистичко планирање
- Да се анализира на каков начин се извршени пресметките на достапно зеленило по глава на жител
- Врз основа на анализите, да се утврдат препораки за законски измени со цел заштита на зеленилото во урбанистичкото планирање.
- Учество во спроведување промотивни активности, дебата и завршна конференција:
- Учество на јавна дебата за резултатите од предлог-законските измени;
- Учество во завршна конференција.
Избраниот кандидат ќе предаде пишани материјали како придонес во изработката на следните извештаи:
- - Придонес кон извештај Анализа на законската рамка (анализа на третманот на урбаното зеленило во генералните урбанистички планови и деталните урбанистички планови за Градот Скопје и анализа на влијанијата / последиците врз урбаното зеленило предизвикани од специфичните одредби на законот за просторно и урбанистичко планирање и законот за урбанистичко планирање и нивните измени врз третманот на урбаното зеленило)
- - Придонес кон Извештај 3: Анализа на постојни урбанистички планови (заклучоци кон анализите на случај што ги работат други двајца експерти за урбанизам)
ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
- - Мотивациско писмо
- - CV - максимум 5 страници со примери од претходна работа поврзана со анализи на урбаното зеленило како дел од спроведени проекти од областа на одржлив урбан развој
- - Изјава за интерес што ја потврдува достапноста на кандидатот, независноста и отсуството на конфликт на интереси
- - Понуда за цена за извршување на работите
КРИТЕРИУМИ ЗА КАНДИДАТИТЕ
Квалификации и вештини:
- - Академски профил: Универзитетска диплома (архитектонски факултет);
- - Силни аналитички вештини и способност за пишување анализи и извештаи.
Општо професионално искуство:
- - Најмалку десет (10) години професионално искуство со планирање на одржлив урбан развој;
Специфично професионално искуство:
- - Најмалку десет (5) години работно искуство во спроведување проекти од областа на одржлив урбан развој;
- - Најмалку десет (10) години искуство во урбанистичко планирање, односно познавање на законската рамка за урбанистичко планирање;
ВРЕМЕНСКА РАМКА И ЛОКАЦИЈА
Ангажманот започнува во мај 2023 година и ќе трае до јануари 2024 година.
ОЦЕНКА НА КАНДИДАТИТЕ
Евалуационата комисија ќе го извести само оној кандидат чија понуда ќе биде избрана. Канидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:
- - Квалификации и вештини, општо / специфично искуство во спроведувањето на слични активности - 80 бодови
- - Понудена цена за активноста - 20 бодови
Вкупно 100 бодови.
Договор ќе биде склучен со оној кандидат кој ќе добие најголем број бодови.
ПРИЈАВУВАЊЕ
Кандидатот треба да ја испрати комплетната понуда на еmail:
Повеќе информации можете да добиете на тел. 071/229-373.