ОТВОРЕН ПОВИК 05/2023 ЗА ЕКСПЕРТ ЗА ШУМАРСТВО
Здружението за еколошко одржлив развој „ЗЕЛЕН ИНСТИТУТ“ од Скопје има потреба од ангажирање на експерт за шумарство, во рамките на проектот „Повеќе зеленило за отпорно Скопје“, што го спроведува во партнерство со Центарот за еколошка демократија „Флорозон“ и здружението „Македонско женско лоби“.
Проектот е дел од програмата „Граѓанските организации во акција за климатските промени’’, финансирана од владата на Шведска преку Swedish International Development Cooperation Agency (SIDA, а се спроведува од Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест Скопје, Македонското здружение на млади правници и ЦНВП-Македонија.
ЦЕЛ НА АКТИВНОСТА
Глобална цел на проектот е спречување на појавата на топлински острови, намалување на загадувањето и емисијата на стакленички гасови и подобрување на квалитетот на животот во Градот Скопје.
Специфичните цели на проектот се:
- Спречување на натамошната загуба на зеленило, негово ширење и зголемување на неговата отпорност, преку подобрување на законската рамка што го регулира развојот на урбано зеленило, урбанистичкото планирање и градење, со вклучен родов аспект
- Обезбедување сеопфатен и ажуриран зелен катастар, кој се користи во урбанистичкото планирање, како резултат на анализата на урбанистички планови и насоките за измена на законите
- Зголемување на површината под урбано зеленило на деградирани површини во состав на станбените блокови
- Создавање услови за подигање и одржување на урбано зеленило што е отпорно на климатските промени, преку обновување на расадникот на ЈП Паркови и зеленило и обука на вработените за садење и одгледување климатски отпорни видови
ЗАДАЧИ НА ЕКСПЕРТОТ
Избраниот кандидат ќе ги спроведе следните активности:
1. Анализа на законската рамка и изработка на законски предлог измени:
- Утврдување на одредбите од Законот за урбано зеленило и Правилникот за планирање, проектирање,подигање и одржување назеленилото што несоодветно се применуваат и утврдување на причините за недоволната примена на овие одредби;
- Доставување пишани материјали од наодите на анализата и учество на неделните состаноци на експертскиот тим ангажиран за измена на законите за урбано зеленило, законот за урбанистичко планирање, законот за градење и релевантните правилници и дискутирање на писмените предлози од другите членови;
- Утврдување препораки за законски измени со цел заштита на зеленилото и избор, производство и одржување на климатските промени.
- Учество во креирањето материјали за информирање на јавноста преку прес конференции.
2. Формулирање предлози за законски измени поврзани со финансираето, изработката, одржувањето и ажурирањето на катастарот на урбано зеленило.
3. Формулирање предлози за измена на релевантни закони со кои ЈП Паркови и зеленило, Градот Скопје и управителите / сопствениците на становите заеднички ќе се обврзат да го финансираат подигањето и одржувањето на зеленилото во состав на станбените блокови.
4. Учество во спроведување промотивни активности, дебата и завршна конференција :
- Учество на јавна дебата за резултатите од предлог – законските измени;
- Учество во завршна конференција.
Избраниот кандидат ќе ги испорача следните извештаи:
- Придонес кон Извештај 1. Анализа на законската рамка (Утврдување на одредбите од Законот за урбано зеленило и Правилникот за планирање, проектирање, подигање и одржување )на зеленилото што несоодветно се применуваат и утврдување на причините за недоволната примена на овие одредби);
- Придонес кон Извештај 2: Предлози за законски измени (утврдување препораки за законски измени со цел заштита на зеленилото и избор, производство и одржување на зеленилото со цел адаптација на климатските промени);
- Придонес кон Извештај 3: Анализа на постојни урбанистички планови (Фомулирање предлози за законски измени поврзани со финансирњето, изработката, одржувањето и ажурирањето на катастарот на урбано зеленило)
- Придонес кон Извештај 4: Формулирани предлози за измена на релевантни закони со кои ЈП Паркови и зеленило, Градот Скопје и управителите / сопствениците на становите заеднички ќе се обврзат да го финансираат подигањето и одржувањето на зеленилото во состав на станбените блокови.
ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
- Kратко мотивациско писмо во кое се истакнува релевантното искуство и компетенции, максимум 1 страна
- CV - Mаксимум 5 страници со примери од претходна работа поврзана со заштитата на животната средина и/или планирање на просторот, пишување на закони и подзеконски акти, лобирање, застапување и спроведување стратегии за комуникација и јавни кампањи.
- Изјава за интерес што ја потврдува достапноста на кандидатот, независноста и отсуството на конфликт на интереси;
- Понуда за цена на вкупниот ангажман
КРИТЕРИУМИ ЗА КАНДИДАТИТЕ
Квалификации и вештини:
- Академски профил: Универзитетска диплома (шумарски факултет);
- Повеќегодишно искуство за учество во пишување, застапување и лобирање на закони, акти и мерки, со акцент на зелени политики;
- Силни аналитички вештини и способност за пишување анализи и извештаи
Општо професионално искуство:
- Најмалку десет (10) години искуство во шумарство;
- Најмалку десет (10) години професионално искуство со заштита на урбаното зеленило;
Специфично професионално искуство:
- Најмалку 10 години работно искуство, од кои најмалку 5 години професионално искуство со учество во изработка на закони и подзаконски акти од областа на урбаното зеленило;
- Најмалку 10 години искуство во одржување и подигнување зелени површини.
ВРЕМЕНСКА РАМКА И ЛОКАЦИЈА
Ангажманот започнува во мај 2023 година и ќе трае до февруари 2024 година.
ОЦЕНКА НА КАНДИДАТИТЕ
Евалуационата комисија ќе го извести само оној кандидат чија понуда ќе биде избрана. Канидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:
- Квалификации и вештини, општо / специфично искуство во спроведувањето на слични активности - 80 бодови
- Понудена цена за активноста - 20 бодови
Вкупно 100 бодови.
Договор ќе биде склучен со оној кандидат кој ќе добие најголем број бодови.
ПРИЈАВУВАЊЕ
Кандидатот треба да ја испрати комплетната понуда на еmail:
Повеќе информации можете да добиете на тел. 071/229-373.