Комората на овластени архитекти и овластени инженери, ќе учествува со свои претставници во Работното тело за усогласување на измените на Законот за урбано зеленило.
Комората даде и подршка на предлогот за отворање ново професионално одделение, со кое ќе се регулираат професиите шумарски инженер и пејзажен архитект.
Предлог-измените на законот беа изработени во рамките на проектот „Повеќе зеленило за отпорно Скопје“, под водство на Зелен институт, во соработка со Градот Скопје, Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг,,,Ханс -Ем”а во партнерство со Флорозон и Македонско женско лоби, како дел од климатскиот проект на Еко-Свест финансиран од Шведска.
Од страна на Kомората беа присутни претседателката Кристинка Чулак и членовите на Управниот одбор Михаел Димитровски и Веселинка Герасимова Петровска, а од страната на тимот кој ги изработи предлог – измените беа: Лилјана Поповска од Зелен институт, деканот на Шумарски факултет Кирил Сотировски, архитектите Цветанка Маркушоска и Билјана Насковиќ, координаторката на зелената парламентарна група од граѓанскиот сектор Татјана Чакулев, правниот советник Соња Петрушева и Даниела Димитриевска од Македонското женско лоби.





Оваа активност е поддржана преку проектот „ГОи во акција за климатските промени“,спроведуван од страна на Еко-свест во партнерство со Македонското здружение на младиправници - МЗПМ и Организацијата за промовирање на природните вредности и луѓе – ЦНВПМакедонија. Изразените ставови и мислења се на грантистот и на никој начин не ги одразуваат позициите и ставовите на Еко-свест и на донаторот – Владата на Шведска.