Проект: „ГРАЃАНИТЕ ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА ВО ЖИВОТНАТА СРЕДИНА“
Предмет: Јавен повик за доставување понуда
Почитувани,
Во рамките на проектот „Граѓаните против корупцијата во животната средина“, асоцијацијата за еколошко одржлив развој „Зелен институт“ го доставува ова Барање за прибирање понуди за ангажирање на Агенција за истражување на јавното мислење.
Проектот има за цел „Да се мобилизираат граѓаните и да се создаде партнерство со медиумите во борба со корупцијата во животната средина“.
Сите агенции кои ќе се пријават треба да поседуваат релевантно искуство во соодветната област. Потребните квалификации и професионално искуство, како и задачите на агенцијата во рамките на проектот, се наведени во Terms of Reference (ToR) – прилог 1 на ова барање.
Избраната истражувачка агенција ќе ја примени следната методологија:
- Метод: Телефонска анкета
- Број на испитаници: 800
- Временски период: Почетно и крајно истражување
- Област на покривање: Урбани и рурални региони низ цела Македонија
Прашалникот што ќе се користи за истражувањето е даден како прилог 2.
Анкетниот прашалник ги вклучува следните секции / прашања:
1. Основни информации за испитаникот:
Возраст, образование, работен статус, живеалиште, регион
2. Општи прашања за корупција:
3 Перцепции за присуство на корупција и нејзино влијание во различни области
Прашања за влијанието врз квалитетот на живот и степенот на загриженост на испитаниците за секоја област.
4. Лични искуства и намери на испитаникот:
Времетраењето на проектот е од 01.11.2024 до 30.10.2026 година, а Агенцијата за истражување на јавното мислење ќе биде ангажирана од средината на декември 2024 година, па сѐ до завршувањето на проектот. За ангажманот се алоцирани вкупно два (2) месеци. Компензацијата е утврдена врз основа на усвоениот буџет на проектот од страна на донаторот.
Селекцијата на експертите ќе биде извршена врз основа на:
- Преглед на доставените биографии/профили, за да се оценат искуството на понудувачите
- Интервјуа (доколку е потребно)
Ве молиме да доставите биографија/профил на Вашата одганизација - максимум 3 страници со примери од спроведени истражувања на јавното мислење, како и Изјава за интерес што ја потврдува достапноста на понудувачот, независноста и отсуството на конфликт на интереси, најдоцна до 10.12.2024 година, на имеил
За повеќе информации или поднесување на понуди, контактирајте ја Зекија Мемедова Христова на 070305964.
Ве молиме проучете го Terms of Reference (ToR) за повеќе детали за проектот и очекувањата од понудувачите, како и прашалникот што ќе се користи за анкетата, што се дадени во прилог.
