ОТВОРЕН ПОВИК 12/2023 ЗА ПОМЛАД ЕКСПЕРТ ЗА ШУМАРСТВО
Здружението за еколошко одржлив развој „ЗЕЛЕН ИНСТИТУТ“ од Скопје има потреба од ангажирање на помлад експерт за шумарство, во рамките на проектот „Повеќе зеленило за отпорно Скопје“, што го спроведува во партнерство со Центарот за еколошка демократија „Флорозон“ и здружението „Македонско женско лоби“.
Проектот е дел од програмата „Граѓанските организации во акција за климатските промени’’, финансирана од владата на Шведска преку Swedish International Development Cooperation Agency (SIDA, а се спроведува од Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест Скопје, Македонското здружение на млади правници и ЦНВП-Македонија.
ЦЕЛ НА АКТИВНОСТА
Глобална цел на проектот е спречување на појавата на топлински острови, намалување на загадувањето и емисијата на стакленички гасови и подобрување на квалитетот на животот во Градот Скопје.
Специфичните цели на проектот се:
- Спречување на натамошната загуба на зеленило, негово ширење и зголемување на неговата отпорност, преку подобрување на законската рамка што го регулира развојот на урбано зеленило, урбанистичкото планирање и градење, со вклучен родов аспект
- Обезбедување сеопфатен и ажуриран зелен катастар, кој се користи во урбанистичкото планирање, како резултат на анализата на урбанистички планови и насоките за измена на законите
- Зголемување на површината под урбано зеленило на деградирани површини во состав на станбените блокови
- Создавање услови за подигање и одржување на урбано зеленило што е отпорно на климатските промени, преку обновување на расадникот на ЈП Паркови и зеленило и обука на вработените за садење и одгледување климатски отпорни видови
ЗАДАЧИ НА ЕКСПЕРТОТ
Избраниот кандидат ќе ги спроведе следните активности:
1. Анализа на катастарот на зеленило, утврдување на неговиот статус (површината од градот што е опфатена со зелен катастар и онаа површина што не е опфатена), проценка на ажурноста на зелениот катастар, давање препораки за подрачјата за кои итно мора да се попише зеленилото;
2. Дефинирање предлог-законски измени со цел утврдување обврски за финансирање на изработката, одржување и ажурирање на катастарот;
3. Учество во подготовка и спроведување промотивни активности, дебата и завршна конференција:
- Учество во подготовка на презентациите;
- Учество на јавна дебата за резултатите од анализата на катастарот и предлог-законските измени поврзани со него;
- Учество во завршна конференција.
Избраниот кандидат ќе ги испорача следните извештаи и материјали:
- - Придонес кон Извештај 1: Анализа на катастарот на зеленило, утврдување на неговиот статус, давање препораки за подрачјата за кои итно мора да се попише зеленилото;
- - Придонес кон Извештај 2: Дефинирање предлог-законски измени со цел утврдување обврски за финансирање на изработката, одржување и ажурирање на катастарот;
- - Придонес кон презентациите за јавната дебата и завршната конференција.
ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
- - Kратко мотивациско писмо во кое се истакнува релевантното искуство и компетенции, максимум 1 страна
- - CV - максимум 5 страници со примери од претходна работа поврзана со шумарство, како и спроведување едукативни активности од областа шумарство.
- - Изјава за интерес што ја потврдува достапноста на кандидатот, независноста и отсуството на конфликт на интереси;
- - Понуда за цена на вкупниот ангажман
КРИТЕРИУМИ ЗА КАНДИДАТИТЕ
Квалификации и вештини
- - Академски профил: Универзитетска диплома (шумарство)
- - Одлично познавање на шумарството
- - Одлично познавање на ГИС.
Општо професионално искуство:
- - Минимум пет (5) години професионално искуство во дејноста шумарство
- - Минимум една (1) година професионално искуство во спроведување едукација во дејноста шумарство
Специфично професионално искуство:
- - Најмалку три (3) години работно искуство во областа шумарство;
- - Најмалку една (1) година работно искуство со зелениот катастар на Град Скопје;
- - Најмалку една (1) година искуство со ГИС во областа шумарство
ВРЕМЕНСКА РАМКА И ЛОКАЦИЈА
Ангажманот започнува во мај 2023 година и ќе трае до јануари 2024 година.
ОЦЕНКА НА КАНДИДАТИТЕ
Евалуационата комисија ќе го извести само оној кандидат чија понуда ќе биде избрана. Канидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:
- - Квалификации и вештини, општо / специфично искуство во спроведувањето на слични активности - 80 бодови
- - Понудена цена за активноста - 20 бодови
Вкупно 100 бодови.
Договор ќе биде склучен со оној кандидат кој ќе добие најголем број бодови.
ПРИЈАВУВАЊЕ
Кандидатот треба да ја испрати комплетната понуда на еmail:
Повеќе информации можете да добиете на тел. 071/229-373.