Бр. 11 ОТВОРЕН ПОВИК ЗА ДВАЈЦА (2) ЕКСПЕРТИ ЗА УРБАНИЗАМ
Здружението за еколошко одржлив развој „ЗЕЛЕН ИНСТИТУТ“ од Скопје има потреба од ангажирање на двајца експерти за урбанизам, во рамки на проектот „Повеќе зеленило за отпорно Скопје“, што го спроедува во партнерство со Центарот за еколошка демократија „Флорозон“ и здружението „Македонско женско лоби“.
Проектот е дел од програмата „Граѓанските организации во акција за климатските промени’’, финансирана од владата на Шведска преку Swedish International Development Cooperation Agency (SIDA), а се спроведува од Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест Скопје, Македонското здружение на млади правници и ЦНВП-Македонија.
ЦЕЛ НА АКТИВНОСТА
Глобална цел на проектот е спречување на појавата на топлински острови, намалување на загадувањето и емисијата на стакленички гасови и подобрување на квалитетот на животот во Градот Скопје.
Специфичните цели на проектот се:
- Спречување на натамошната загуба на зеленило, негово ширење и зголемување на неговата отпорност, преку подобрување на законската рамка што го регулира развојот на урбано зеленило, урбанистичкото планирање и градење, со вклучен родов аспект
- Обезбедување сеопфатен и ажуриран зелен катастар, кој се користи во урбанистичкото планирање, како резултат на анализата на урбанистички планови и насоките за измена на законите
- Зголемување на површината под урбано зеленило на деградирани површини во состав на станбените блокови
- Создавање услови за подигање и одржување на урбано зеленило што е отпорно на климатските промени, преку обновување на расадникот на ЈП Паркови и зеленило и обука на вработените за садење и одгледување климатски отпорни видови
ЗАДАЧИ НА ЕКСПЕРТИТЕ
Избраните кандидати ќе ги спроведат следните активности:
- Анализа на постојни урбанистички планови
- Да се се идентификуваат десетина студии на случај кои ќе покажат загубени зелени површини за кои е извршена пренамена
- Да се утврдат причините / начините како се изгубени: дали причината е промена на плански решенија (и ако може да се утврди - зошто), дали е по пат на денационализација и барање од страна на сопствениците, дали станува збор за узурпација на земјиште со легализации и сл.
- Врз основа на анализите и наодите, да се утврдат препораки за законски измени со цел заштита на зеленилото во урбанистичкото планирање.
- Учество во спроведување промотивни активности, дебата и завршна конференција:
- Учество на јавна дебата за резултатите од предлог-законските измени;
- Учество во завршна конференција.
Избраниот кандидат ќе предадат пишани материјали како придонес во изработката на следните извештаи:
- - Придонес кон Извештај Анализа на законската рамка (анализа на причините и начините на загуба на урбаното зеленило при урбанистичко планирање)
- - Придонес кон Извештај 3: Анализа на постојни урбанистички планови (анализи на случај на загуба на урбано зеленило)
ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
- - Мотивациско писмо
- - CV - максимум 5 страници со примери од претходна работа поврзана со анализи на урбаното зеленило во урбанистичкото планирање
- - Изјава за интерес што ја потврдува достапноста на кандидатот, независноста и отсуството на конфликт на интереси
- - Понуда за цена за извршување на работите
КРИТЕРИУМИ ЗА КАНДИДАТИТЕ
Квалификации и вештини:
- - Академски профил: Универзитетска диплома (архитектонски факултет);
- - Силни аналитички вештини и способност за пишување анализи и извештаи.
Општо професионално искуство:
- - Најмалку пет (5) години професионално искуство со урбанистичко планирање;
Специфично професионално искуство:
- - Најмалку пет (5) години професионално искуство со изработка на, или учество во донесување на урбанистички планови;
Експертите ќе ја достават следната документација:
- - Мотивациско писмо
- - CV - максимум 5 страници со примери од претходна работа поврзана со анализи на урбаното зеленило во урбанистичкото планирање
- - Изјава за интерес што ја потврдува достапноста на кандидатот, независноста и отсуството на конфликт на интереси
- - Понуда за цена за извршување на работите
ВРЕМЕНСКА РАМКА И ЛОКАЦИЈА
Ангажманот започнува во мај 2023 година и ќе трае до јануари 2024 година.
ОЦЕНКА НА КАНДИДАТИТЕ
Евалуационата комисија ќе го извести само оној кандидат чија понуда ќе биде избрана. Канидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:
- - Квалификации и вештини, општо / специфично искуство во спроведувањето на слични активности - 80 бодови
- - Понудена цена за активноста - 20 бодови
Вкупно 100 бодови.
Договор ќе биде склучен со оној кандидат кој ќе добие најголем број бодови.
ПРИЈАВУВАЊЕ
Кандидатите треба да ја испратат комплетната понуда на еmail:
Повеќе информации можете да добиете на тел. 071/229-373.