ОТВОРЕН ПОВИК 04/2023 ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ПРОМОТИВНИ АКТИВНОСТИ И КАМПАЊА
Здружението за еколошко одржлив развој „ЗЕЛЕН ИНСТИТУТ“ од Скопје има потреба од ангажирање на компанија или граѓанска организација за спроведување на промотивни активности и кампања, во рамки на проектот „Повеќе зеленило за отпорно Скопје“, што го спроведува во партнерство со Центарот за еколошка демократија „Флорозон“ и здружението „Македонско женско лоби“.
Проектот е дел од програмата „Граѓанските организации во акција за климатските промени’’, финансирана од владата на Шведска преку Swedish International Development Cooperation Agency (SIDA), а се спроведува од Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест Скопје, Македонското здружение на млади правници и ЦНВП-Македонија.
ЦЕЛ НА АКТИВНОСТА
Глобална цел на проектот е спречување на појавата на топлински острови, намалување на загадувањето и емисијата на стакленички гасови и подобрување на квалитетот на животот во Градот Скопје.
Специфичните цели на проектот се:
- Спречување на натамошната загуба на зеленило, негово ширење и зголемување на неговата отпорност, преку подобрување на законската рамка што го регулира развојот на урбано зеленило, урбанистичкото планирање и градење, со вклучен родов аспект
- Обезбедување сеопфатен и ажуриран зелен катастар, кој се користи во урбанистичкото планирање, како резултат на анализата на урбанистички планови и насоките за измена на законите
- Зголемување на површината под урбано зеленило на деградирани површини во состав на станбените блокови
- Создавање услови за подигање и одржување на урбано зеленило што е отпорно на климатските промени, преку обновување на расадникот на ЈП Паркови и зеленило и обука на вработените за садење и одгледување климатски отпорни видови
ЗАДАЧИ
Избраната компанија или граѓанска организација ќе ги спроведе следните активности:
- Осмислување и спроведување промотивни активности и континуирана јавна кампања:
- Подготвување и постирање на материјали на Фејсбук страната на „Зелен институт“ и на други медиуми по потреба
- Снимање видеа од јавните настапи на членовите на тимот ангажирани во проектот
- Снимање интервјуа со засегнати страни
- Поготвување видео документација од поважните координативни состаноци на експертскиот тим и работното тело што ќе работат на законски измени заради заштита на зеленилото, како и на фокус групите што ќе дискутираат за родовите аспекти на заштитата на зеленилото
- Подготвување на видео документација од јавната дебата и завршната конференција што ќе се одржат во рамките на проектот
Избраната компанија или граѓанска оганизација ќе ги изработи следните материјали:
- Да предложи нацрт промотивни материјали кои се во согласност со зацртаните цели на проектот, што ќе се објавуваат преку социјалните медиуми во координација со тимот на Зелен институт;
- Да подготви и достави нацрт содржина за најмалку 10 видеа за одобрување од страна на Зелен институт;
- Да ги интегрира насоките и забелешките од Зелен институт во крајната верзија на видеата;
- Да ги предаде кратките видеа во соодветен формат за споделување на социјални медиуми во договорениот рок.
- Редовно да ги објавува одобрените видеа и другите промотивни материјали на избраните социјални медиуми
ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
- Тековна состојба на добавувачот не постара од 6 месеци
- Понудена методологија за исполнување на задачите
- Максимум 5 страници со примери од претходна работа поврзана со спроведување промотивни активности и кампањи
- Изјава за интерес што ја потврдува достапноста, независноста и отсуството на конфликт на интереси;
- Понуда за цена на вкупниот ангажман.
КРИТЕРИУМИ ЗА КАНДИДАТИТЕ
Професионално искуство:
- Најмалку пет (5) години искуство со спроведување активности за промоција и кампањи насочени кон заштита на животната средина и климата.
Специфично професионално искуство:
- Најмалку пет (5) спроведени кампањи со цел заштита на животната средина и климата.
ВРЕМЕНСКА РАМКА И ЛОКАЦИЈА
Ангажманот започнува во јуни 2023 година и ќе трае до февруари 2024 година.
ОЦЕНКА НА КАНДИДАТИТЕ
Евалуационата комисија ќе го извести само оној кандидат чија понуда ќе биде избрана. Канидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:
- Квалификации и вештини, општо / специфично искуство во спроведувањето на слични активности - 80 бодови
- Понудена цена за активноста - 20 бодови
Вкупно 100 бодови.
Договор ќе биде склучен со оној кандидат кој ќе добие најголем број бодови.
ПРИЈАВУВАЊЕ
Кандидатот треба да ја испрати комплетната понуда на еmail:
Повеќе информации можете да добиете на тел. 071/229-373.