“ Здружението за еколошко оддржлив развој – ЗЕЛЕН ИНСТИТУТ Скопје, за потребите на проектот “Штип и Берово заедно за подобрување на условите за живот на ромските заедници “објавува: Јавен повик за ангажирање на Локални координатори.
Јавен повик за ангажирање на едно лице во Штип и едно лице во Берово на позиција Локални координатори за општините Штип и Берово
Позадина на проектот
Општата цел на проектот е да ги унапреди домувањето, образованието и економските можности за Ромите и луѓето кои живеат во длабока сиромаштија преку подобрување на нивните услови за домување и пристап до социјални услуги во Република Северна Македонија.
Проектот има две специфични цели:
Специчична цел 1: Подобрување на урбаната средина, реконструкција и елиминирање на небезбедните услови за домување кај Ромските нелегални населби во Општина Штип и Берово.
Специфична цел 2: Подобрување на социо-економската вклученост на Ромите кои живеат во нелегални населби во Општина Штип и Берово, во однос на социјалните и здравствените услуги на ниво на целата заедница.
Со проектот е планирано да се интервенира во следните области:
Со проектот ќе бидат опфатени општините Штип и Берово како таргет општини каде што активностите од проектот ќе бидат имплементирани. Во рамки на проектот е предвидено вкупно 65 семејства (50 од Штип) (15 од Берово) да се здобијат со соодветни услови за живеење, преку изградба на нови живеалишта (Oпштина Штип) и реновирање, регенерација и реконструкција на домови (Oпштина Берово). Дополнително ќе се работи на урбанизирање на неформални населби во Штип и Берово преку усвојување на Генерален урбанистички план и легализација на ромски куќи кои веќе почнале постапка за легализација. Во рамки на проектот ќе им биде овозможена целосна техничка и финасиска помош за успешно комплетирање на процесот на легализација на своите домови.
Локација на имплементација на проектот: Проектот ќе се имплементира во општините Штип и Берово.
Донатор на проектот и спроведувачи Проектот финасиски е поддржан од Европската Унија во рамки на годишната акциска програма на Република Северна Македонија за 2019 година во рамките на Инструментот за претпристапна помош (ИПА II). Лидер на проектот е Општина Штип, а партнери на проектот се Општина Берово и Здружението за еколошко оддржлив развој ЗЕЛЕН ИНСТИТУТ – Скопје.
Период на имплементација на проектот:Проектот со имплементација започна на Јануари 2021 и ќе се имплементира 36 месеци.Опис на работните задачи за позицијата Локални координатори (eден) за Штип и (еден) за Берово:
Локалните координатори ќе бидат ангажирани во рамките на проектот “ Штип и Берово, заедно за подобрување на условите за живот на Ромските заедници“ и ќе треба да ги извршуваат следните задачи и обврски:
- Да спроведуваат активности на терен за потребите на проектот;
- Да бидат контакт точка на проектот за општините Штип и Берово;
- Да прибираат податоци потребни за проектот според барања од страна на Проектниот менаџер и проектниот асистент;
- Да спроведуваат анализи и истражувања на терен според потребите на проектот;
- Да бидат одговорни лица за организирање и координирање на активности за потребите на проектот во општините Штип и Берово;
- Да вршат секојдневен мониторинг на имплементацијата на активностите на проектот, особено активностите за вкупно 65 семејства (50 од Штип и 15 од Берово) да се здобијат со соодветни услови за живеење, преку изградба на нови живеалишта (Општина Штип) и реновирање, регенерација и реконструкција на домови (Општина Берово).
- Редовно да бидат во контакт и да комуницираат со целната група на проектот;
- Да помагаат на проектниот асистент и проектниот менаџер за имплементација на активностите согласно планот;
- Да го помагаат процесот на легализирање на куќите на ромските семејства особено во делот на дополнување на потребна документација за завршување на процесот на легализација;
- Да даваат препораки на проектниот тим според потребите и контекстот на локалната заедница;
- Да помагаат во спроведување на анкети за анализа на социо-економската состојба на ромската заедница;
- Да помагаат во организирање на активностите за подобрување на здравјето на Ромите во општините Штип и Берово;
- Да помагаат во спроведувањето на активностите за реализација на програмата за поддршка на вработувањето на социјално загрозени Роми;
- Да соработуваат и да комуницираат со експертите ангажирани во рамките на проектот;
- Да присуствуваат на сите состаноци организирани во рамките и за потребите на проектот;
- Да подготвуваат и обезбедуваат листи со анализи на информации и податоци според потребите на проектот;
- Да соработуваат и да комуницираат со претставниците на општините Штип и Берово задолжени за спроведување на проектот;
- Да помагаат на селектираните компании за изведување на реновирањето и инфраструктурните активности во комуникација со заедницата и обезбедување на логистичка поддршка за имплементација на активностите;
- КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА ЛОКАЛНИ КООРДИНАТОРИ ЗА ОПШТИНА ШТИП И БЕРОВО
Право да се пријават имаат кандидатите кои ги исполнуваат следните критериуми:
- Да имаат завршено најмалку средно образование;
- Да имаат минимум 3 години искуство во спроведување на активности на терен и соработка со ромската заедница во општините Штип и Берово;
- Да имаат минимум 2 години искуство во работа со невладини организации кои работат на проекти за поддршка на ромската заедница со фокус на домувањето на Ромите;
- Дa се препознатливи во ромската заедница и соодветно да се прифатени од ромските семејства;
- Предност ќе се даде на лица припадници на ромската заедница и кои го говорат ромскиот јазик;
- КАНДИТАТИТЕ ЗА ПОЗИЦИЈАТА ТРЕБА ДА ГИ ИСПОЛНУВААТ СЛЕДНИТЕ УСЛОВИ:
- Да имаат диплома за завршено средно образование;
- Да ја познаваат добро проблематиката и прашањето на ромската заедница во општините Штип и Берово;
- Да бидат способни да работат во тим;
- ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ:
- Професионална биографија (CV) на англиски;
- Писмо за мотивација на англиски јазик;
- Диплома за завршено средно образование;
- Друга документација која кандидатите сметаат дека ќе им биде во прилог на апликацијата;
- ВИД НА АНГАЖМАН И ВРЕМЕТРАЕЊЕ:
Ангажманот на локалните координатори ќе биде полно работно време односно 8 часа секој работен ден, во времетраење од 30 месеци во текот на имплементацијата на проектот.
Вкупниот надомест за ангажманот изнесува 600 ЕУР бруто сума, во денарска противвредност.
- НАЧИН И РОК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ:
Краен рок за пријавување е 7 дена од датумот на објавување на јавниот повик односно до 28.05. 2021 година.
Комплетната документација може да се достави електронски на следната е-маил адреса:
Контакт:
Ненавремено доставена и некомплетна документација нема да биде земена во предвид.