ЈАВЕН ПОВИК БР.04/2021
Здружението за еколошко оддржлив развој – ЗЕЛЕН ИНСТИТУТ Скопје, за потребите на проектот “Штип и Берово заедно за подобрување на условите за живот на ромските заедници “објавува: Јавен повик за ангажирање на Проектен Менаџер со 40% работно време.
Позадина на проектот
Општата цел на проектот е да ги унапреди домувањето, образованието и економските можности за Ромите и луѓето кои живеат во длабока сиромаштија преку подобрување на нивните услови за домување и пристап до социјални услуги во Република Северна Македонија.
Проектот има две специфични цели:
Специчична цел 1: Подобрување на урбаната регенерација, реконструкција и елиминација на небезбедни услови за домување во ромските неформални населби Штип и Берово;
Специфична цел 2: Подобрување на социо-економската вклученост за Ромите кои живеат во неформалните населби во Штип и Берово во однос на социјалните услуги и лекување
Со проектот ќе бидат опфатени општините Штип и Берово како таргет општини каде што активностите од проектот ќе бидат имплементирани. Во рамки на проектот е предвидено вкупно 65 семејства (50 од Штип и 15 од Берово) да се здобијат со соодветни услови за живеење, преку изградба на нови живеалишта (општина Штип) и реновирање, регенерација и реконструкција на домови (општина Берово). Дополнително ќе се работи на урбанизирање на неформални населби во Штип и Берово преку усвојување на генерален урбанистички план и легализација на ромски куќи кои веќе почнале постапка за легализација. Во рамки на проектот ќе им биде овозможена целосна техничка и финасиска помош за успешно комплетирање на процесот на легализација на своите домови. Проектот финасиски е подджан од Европската Унија во рамки на годишната акциска програма на Република Северна Македонија за 2019 година во рамките на Инструментот за претпристапна помош (ИПА II). Лидер на проектот е оштина Штип, а партнери на проектот се Оштина Берово и Здружението за еколошко оддржлив развој ЗЕЛЕН ИНСТИТУТ – Скопје. Проектот ќе започне со имплементација од Јануари 2021 и ќе трае три години. Опис на работните задачи за позицијата Проектен менаџер:
Проектниот Менаџер ќе биде ангажиран во рамките на проектот “Штип и Берово заедно за подобрување на условите за живот на ромските заедници “ и ќе треба да ги извршува следните задачи и обврски:
- Да ја менаџира целосната имплементација на проектот;
- Да организира, координира и мониторира работата на административниот стаф во рамките на проектот;
- Да биде одговорен за потесната комуникација со донатрот на проектот Делегација на Европска Унија во Република Северна Македонија, кацеларијата во Скопје;
- Да се грижи имплементацијата на проектот да биде во согласност со правилата и процедурите на Европската Унија, особено со Анекс 4 од договорот на проектот и PRAG 2019, и континуирано да дава експертска поддршка и совети на одговорните лица од општините Штип и Берово за правилна имплементација на проектните активности за кои ќе бидат директно одговорни;
- Да биде одговорен за потесната комуникација со сите вклучени страни во проектот особено со одговорните лица од општините Штип (лидер на проектот) и Берово (ко-апликант);
- Заедно со општините Штип и Берово да организира и реализира активности за застапување и лобирање со институциите кои се одговорни за креирање и имплементација на политики за домување за Ромите во Република Северна Македонија;
- Да се грижи за промоцијата на проектот, да организира и да присуствува на состаноци со сите засегнати страни и стратешки партнери на проектот и да се осигура дека правилата за визибилитет и промоција на ЕУ се почитуваат;
- Да обезбеди процедури за квалитетна и навремена имплементација на проектните активности и да ги сподели со партнерите на проектот општина Штип и Берово;
- Да обезбеди механизми за мониторинг и известување за резултатите и влијанието постигнато со проектот и активно да го мониторира процесот на имплементација и истите да се споделат со партнерите на проектот;
- Да биде одговорен за развивање на тендерска документација за потребите на активностите на проектот како и сите други постапки во рамките на проектот;
- Заедно со општините Штип и Берово, да биде одговорен за обезбедување на индикатори за сигурност на квалитетот на имплементација на проектните активности;
- Да развие Опис на Работни Задачи за сите ангажирани лица во проектот;
- Да ја следи и координира работата на ангажираните лица во проектот;
- Да води сметка за квалитетот на податоците и информациите кои се креираат и обработуваат во рамките на проектот;
- Редовно да контактира и да соработува со одговорните лица за проектот од партнерските организации/ институции – Општина Штип и Општина Берово;
- Во соработка со сите вклучени партнери, да обезбеди навремено да се достават интерим репорти и финален наративен и финансиски репорт до делегација на ЕУ во Македонија;
- Да изнаоѓа решенија за редовно унапредување на имплементацијата на проектот;
- Да обезбеди и да осигура дека политиките и процедурите на ЕУ се инкорпорирани во текот на имплелемнтацијата на проектот;
- Во соработка со финансискиот офисер на проектот, одговорните лица од општините Штип и Берово, редовно да ја следи динамиката на реализација на буџетот на проектот;
- Да превзема дополнителни задачи за успешна имплементација на проектот во консултација со сите партнери вклучени во проектот;
- Да се грижи за целосна, навремена и квалитетна имплементација на проектните активности.
- КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА ПРОЕКТЕН МЕНАЏЕР
Право да се пријават имаат кандидатите кои ги исполнуваат следните критериуми:
- Да се дипломирани на акредитирани општествени факултети во Р.С. Македонија;
- Да имаат минимум 3 години искуство во спроведување на големи проекти со фокус на ромската заедница финансирани од Европската Унија;
- Да имаат работно искуство како Проектен менаџер на најмалку еден голем проект финансиран од Европската Унија;
- Да имаат минимум 5 години искуство во работење во невладин сектор на проблематиката со ромското прашање;
- Дa имаат добро познавање на процедурите и правилата (PRAG) за спроведување на проекти финансирани од страна на Европската Унија.
- КАНДИТАТИТЕ ЗА ПОЗИЦИЈАТА ТРЕБА ДА ГИ ИСПОЛНУВААТ СЛЕДНИТЕ УСЛОВИ:
- Одлично да го познаваат англискиот јазик (пишување, разбирање, комуникација);
- Да имаат универзитетска диплома;
- Да ја познаваат добро проблемтиката и прашањето на ромската заедница во Република Северна Македонија;
- Да имаат менаџерски способности;
- Да бидат способни да работат во тим;
- ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ:
- Професионална биографија (CV) на англиски јазик;
- Диплома за завршено високо образование;
- Друга документација која кандидатот смета дека ќе му биде во прилог на апликацијата.
- НАЧИН И РОК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ:
Краен рок за пријавување е 7 дена од датумот на објавување на јавниот повик односно до 28.06.2021 година.
Комплетната документација може да се достави електронски на следната е-маил адреса
Kонтакт:
Ненавремено доставена и некомплетна документација нема да биде земена во предвид.