Проектот „Штип и Берово заедно за подобрување на условите на живеење на Ромските заедници“ финансиран од Европската Унија, имплементиран од општина Штип во партнерство со Општина Берово и Здружението за еколошки одржлив развој – Зелен Институт од Скопје, во рамките на своите активности, распишува оглас за 3 (тројца) волонтери од ромската заедница со работно време од 3 – 6 работни дена во годината, за период од 3 години.
Волонтерите ќе бидат вклучени во активноста: Кампањи за информирање на Ромското население за пристап до општинските социјални и здравствени услови на ниво на заедницата, односно кампањата за подигнување на свеста на Ромското население во општина Берово поврзани со хигиена, добивање на лични документи, пристапот до здравствената заштита и планирањето на семејство.
Работните обврски на волонтерот/ката ќе бидат:
- Поддршка на тимот во спроведувањето и зајакнувањето на информативно-советодавните услуги; поддршка на случаи за реализација на социјалните и здравствените права и други услуги во врска со социјалната заштита на Ромите во општината;
- Поддршка при организирање на посета на домаќинствата од Берово припадници на Ромската заедница;
- Други работи поврзани со работата на тимот за поддршка.
Ангажманот ќе се спроведува во периодот 20 Ноември 2021 – 20 ноември 2023 година. За својот ангажман волонтерите ќе добијат надомест од 600 денари по ден.
Избраните волонтери ќе добијат и обука за спроведување на работните задачи.
Заинтересираните кандидати треба да се пријават кај локалниот координатор на општина Берово (Урмата Арифовска) на телефонскиот број: 078 343 900 или на адресата:
Само селектираните кандидати/ки ќе бидат контактирани и повикани на интервју.
Заинтересираните кандидати можат да ги поставуваат своите прашања кај Урмета Арифовска на е-маил: