„Алатки за подобрен инспекциски надзор на локално ниво“ преку Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија
ОПШТА ЦЕЛ:
Подобрена транспарентност на инспекцијата на локално ниво преку:
- Анкета на јавното мислење во Град Скопје и општините Куманово, Велес и Битола, за загадувањето и за тоа како граѓаните подобро да се информираат и/или да се ангажираат за пријавување на загадувањето.
- Организирање тркалезна маса за презентирање на наодите од истражувањето во Град Скопје
- Подготовка на прирачник за надлежностите на овластените инспектори за животна средина, измените кои произлегоа од новиот Закон за инспекциски надзор и Законот за прекршоци, како и начините на пријавување на загадувањето од страна на граѓаните.
- Организирање дебата за подобрена транспарентност на инспекциите на локално ниво во Велес